Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Хрватска и Данска отворија со победи во Франција

0
By Нова ТВ on January 13, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 13, 2017 22:56

Хрватската ракометна репрезентација се вброи во редот на оние кои со победа го почнаа својот настап на Светското првенство во Франција. Иако потешко одошто и самите очекуваа, сепак, „коцкестите“ на крајот триумфираа против Саудиска Арабија со 28:23 (12:11). Саудијците, особено во првото полувреме, се покажаа како тврд орев, но немаа сила ниту капацитет за нарушување на сметките на фаворизираните Хрвати.

Вардарецот Лука Циндриќ беше најефикасен во составот на Жељко Бабиќ со шест гола, пет постигна Домагој Дувњак, по четири пати погодија Ловро Михиќ и Мануел Штрлек. Кај поразените, чиј предводник е Ненад Кљаиќ, прв стрелец беше Мојтаба Асласем со пет гола.

Европскиот шампион Германија ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Унгарија и славеше со 27:23, изненадување приреди Чиле со победата над Белорусија со 32:28.

Скандинавските селекции во групата Д не оставија ништо на случајот. Данска со 11 гола разлика ја совлада Аргентина (33:22), а Шведска беше уште поубедлива во средбата со Бахреин (33:16). Египет ја доби азиско-африканската пресметка со Катар со 22:20.

СП во ракомет

Група Ц

Хрватска – Саудиска Арабија 28:23

Германија – Унгарија 27:23

Белорусија – Чиле 28:32

Група Д

Данска – Аргентина 33:22

Шведска – Бахреин 33:16

Катар – Египет 20:22

 

 

 

Лука Циндриќ Саудиска Арабија СП во ракомет Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.