Ракометно СП (У21): Македонските младинци шести во светот

Избраниците на Илија Темелковски загубија од Унгарија со 22:26 во натпревар за петтото место на мундијалот во Алжир. За „црвено-жолтите“ ова беше второ учество на планетарните собири што го завршија со пет победи и четири порази

Русија како „пациент“: Младинците ќе играат за 5 место на СП во Алжир

По триумфот во групната фаза со 29:22, „црвено-жолтите“ беа подобри од „зборнаја“ со 36:27 во мечот од разигрувањето за пласман од петтото до осмото место на шампионатот. Ривал во последниот настап ќе биде победникот од дуелот меѓу Тунис и Унгарија