Browsing: СПЦ

Медиумите пренесуваат дека пратениците од ДФ (Демократски Фронт) за да спречат носење на законот ги напаѓаа физички пратениците од владејачката коалиција, гаѓаа со шишиња, чаши, корнеа микрофони и се обидоа да фрлат солзавец во пленарната сала. Поголеми инциденти се спречени благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето. Сите пратеници на ДФ се однесени во полиција, додека останатите пратеници продолжија со работа и законот беше усвоен околу 2:30 часот изутринава

Како што пишува „Политика“, во врвот на СПЦ неофицијално изјавиле дека се „изненадени со одлуката на Бугарската патријаршија и се надеваат дека Синодот во Софија ќе остане на линија на канонскиот поредок на црквата, со оглед на тоа да Охридската архиепископија на чело со архиепископот Јован Вранишковски, после неодамнешната пресуда на Европскиот суд за човекови прашања во Стразбур, е законска канонска црква на тоа подрачје.“