Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неизвесно e присуството на Вучиќ на устоличувањето на митрополитот Јоаникије на Цетиње

0
By НОВА ТВ on August 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 28, 2021 15:57

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денес дека сè уште не донел одлука дали ќе присуствува на устоличувањето на црногорско-приморскиот митрополит Јоаникије на Цетиње на 5 септември, за што има добиено покана, наведувајќи дека неговата одлука ќе биде врз основа на политички аргументи, како и дека не сака да предизвика дополнителни тензии, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ кажа дека одлуката ќе ја објави на 2 или 3 септември, ден пред устоличувањето на митрополитот Јоаникије.

-Согледуваме се и нема да се водам од она што го велат безбедносните служби, нема да барам излез со оваа одлука, но мојата одлука ќе се базира на политички аргументи, изјави Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања.

-Во никој случај не сакаме да предизвикаме дополнителни тензии или да создадеме проблеми, кажа Вучиќ, посочувајќи дека Црна Гора мора да биде пријателска земја за Србија.

-А дали се согласуваме со одлуките на нечие раководство е друго прашање. Друго е односот кон луѓето во Црна Гора, ние ги почитуваме и сакаме, без оглед на верската, националната припадност. Нашата работа е пред се да се грижиме за припадниците на српскиот народ, кажа Вучиќ.

Од друга страна како што соопшти црногорскиот весник Побједа, најновиот став на Црногорско-приморската митрополија (МЦП) на Српската православна црква (СПЦ) е устоличувањето на Цетиње сепак да се одржи но без присуство на верници што е резултат на договорот со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, кој на митрополитот Јоаникије му ја пренел загриженоста на Советот за национална безбедност и Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора дека постојат големи безбедносни ризици.

Конечен став за локацијата на устоличувањето ќе зависи од проценката на безбедноста на српскиот патријарх Порфириј, без која не може да се одржи устоличувањето во Цетиње.

МКЦ ќе организира устоличување на митрополитот Јоаникије во Цетиње, на 5 септември, но тој настан ќе се случи без претходно планираното сенароден собор пред Цетињскиот манастир.

Ова вчера беше објавено од Митрополијата на српската црква, пишува Побједа, во моментот кога Собранието на Цетиње расправаше за устоличувањето и испрати порака дека собирот треба да биде забранет.

-Сакајќи да дадеме максимален придонес за мирот и стабилноста на Црна Гора, почитувајќи ги епидемиолошките мерки, решивме устоличувањетоо да биде под сводот на Цетињскиот манастир, на литургиски собор предводен од српскиот патријарх Порфириј, со учество на епископи од нашата и други сестрински цркви со свештенството и присуство на претставници на црковните општини од Црна Гора. Значи, овој настан ќе се случи без претходно планираниот народен собор пред Цетињскиот манастир, беше соопштено од Митрополијата.

Тоа значи, како што објаснија изворите на Побједа, дека на собирот нема да присуствуваат гости и официјални лица, 200 од нив, како што првично беше планирано од СПЦ.

Како што претходно напиша Побједа, Јоаникије веќе ја отфрли заедничката понуда на Кривокапиќ и Бечиќ за устоличување без верници.

Како што наведоа од МЦП, мора да се разбере и прифати дека Црна Гора е „држава на сите нас“.

Вучиќ СПЦ Цетиње
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.