ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да преговара за парламентарно мнозинство

На вечерашната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ е донесена и одлука за измени на Статутот на партијата. Меѓу нив и за ограничување на мандатот на претседателот на партијата, односно тој ќе може да ја води партијата два мандата и евентуално уште еден доколку биде избран со двотретинско мнозинство на Конгрес. Овој статут не предвидува почесни претседатели, односно ниту Никола Груевски, ниту било кој поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели“, изјави Панче Тошкоски, претседател на партиската статутарна Комисија