Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да преговара за парламентарно мнозинство

0
By Нова ТВ on July 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 21, 2020 23:04

Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја потврди одлуката на Извршниот комитет за овластување на лидерот на партијата Христијан Мицковски да преговара за формирање на ново парламентарно мнозинство. Претседателот на партиската статутарна комисија, Панче Тошковски вечерва по завршувањето на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека одлуката е донесена едногласно.

Покрај ова, на вечерашната седница на ЦК е донесена и одлука за измени на Статутот на партијата кои, како што посочи Тошковски, се во насока на поголема демократизација на партијата. Една од измените е тоа што се ограничува мандатот на претседателот на партијата, односно тој ќе може да ја води партијата два мандата и евентуално уште еден доколку биде избран со двотретинско мнозинство на Конгрес. Новина е и тоа што барање за одржување на вонреден Конгрес ќе може да поднесат пол од членовите на ЦК, а не како досега две третини. Измените предвидуваат и рамноправна застапеност на мажите и жените во органите на партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ е првата партија на Балканот која со Статут го ограничува бројот на мандати на високи функционери на партијата, а ова ограничување се однесува и на претседателот на партијата. Во иднина, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да биде претседател само два мандата на регуларен избор и евентуално би можел да добие и трет мандат само доколку биде поддржан од две третини од членовите на конгресот“, изјави Тошкоски.

Статутот, како што рече, не предвидува почесни претседатели.

„Овој статут не предвидува почесни претседатели, односно ниту Никола Груевски, ниту било кој поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели“, изјави Тошкоски.

ВМРО-ДПМНЕ мнозинство парламент преговори Статут Христијан Мицкоски Централен Комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.