Browsing: Светска лига

Во финалето во базенот на СЦ „Ташмајдан“ во Белград, српските ватерполисти ги поразија хрватските колеги со 12:11 (по четвртини: 1:3, 5:2, 1:3, 5:3) со што воедно се пласираа на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Хрватските медиуми известуваат за фер и коректна атмосфера во финалето пришто го нотираат и аплаузот од трибините по интонирање на нивната химна. Бронзениот медал го освои селекцијата на Австралија која во малото финале ја порази Шпанија со 11:10 (по четвртини: 3:1, 2:3, 4:4, 2:2)

Мечевите ќе се играат во репрезентативни термини, официјално би почнале во 2019 година и со неа ќе бидат опфатени репрезентации од сите континенти врз основа на позициите на ранг листата. Натпреварувањето ќе трае во тек на целата година пришто националните тимови ќе бидат поделени во три дивизии.