Browsing: тенис

Српскиот тенисер во финалето го совлада Енди Мареј со 6:3, 5:7, 6:4 за 25 победа во 36 меѓусебен меч за одбрана на 250-те бода од ланската година. но и за самодоверба за тековната што беше разнишана по Мастерсите во Париз и во Лондон

Србинот во полуфиналето го совлада Фернандо Вердаско со 4:6, 7:6, 6:3 и во мечот за одбрана на титулата ќе игра со подобриот од Енди Мареј и Томаж Бердих

Катар е прилика за прва пресметка во 2017 година меѓу Британецот и Србинот кои имаа можност за малку дружење, фотографирање и средба со трофејот. Србинот е бранител на титулата на турнирот од серијата 250

Српскиот тенисер го одреди распоредот на настапи на новата сезона. Почнува во Доха, продолжува на Австралија опен по што ќе има пауза од 40 дена до Мастерсите во Индијан Велс и во Мајами. На сите ќе брани титула или во превод 4.500 поени. Во неговите планови ги нема Дубаи и Дејвис купот