Популарното „око соколово“ добива наследник на тениските терени. Станува збор за нова технологија за прецизно мерење наречена „Фокстин“ што од наредната година, судејќи според најавите, ќе биде применлива. Новиот електронски систем за следење на тениското топче и официјално го мина сите тестирања на Интернационалната тениска федерација (ИТФ).

„Фокстин“ е во состојба да сними 2.500 фотографии во секунда од една камера, време за кое системот може да фати и преку 150.000 секвенци и врз основа на ласерската прецизност одредува каде паднало топчето.

По „око соколово“ од 2005 година, ова е втор систем што ги мина ригорозните тестирања на ИТФ. Следуваат уште тестови на терен за утврдување како ќе функционира системот во реални услови, но сите останати контроли се успешно завршени.