Browsing: Уругвај

Уругвајскиот селектор Оскар Табарез планира директен чувар на португалскиот капитен да биде Годин, а втор човек кој ќе внимава на него ќе биде Хименез. Дуелот меѓу европскиот шампион и јужноамериканската репрезентација е вечерва (20 ч.) во Сочи

Португалците го совладаа Мароко со погодок на Кристијано Роналдо во четвртата минута, Уругвај до три бода против Саудиска Арабија со гол на Луис Суарез во 23. минута, Шпанците, пак, славеа над Иран со карамбол реализација што му е припишана на Диего Коста во 54. минута

За „фараоните“ денешниот меч ќе биде премиерен на големата сцена по речиси три декади, „ла селеста“, пак, се надева на прекинување на серија без победа во првите мечеви на мундијалите по 48 години. Мечот на „Екатеринбург арена“ е од 14 часот

Успехот на своја почва од 1930 година (во финалето ја совладаа Аргентина со 4:2), „Ла Селесте“ („небесно-сини“) го повторија и две децении подоцна во Бразил, а на последниот мундијал беа елиминирани во осминафиналето