Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Профил на Уругвај за СП 2018: Најмалата земја со „Жил Риме“ трофеј

0
By Нова ТВ on June 5, 2018 СПОРТ
Фото: soccer.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 5, 2018 22:51

Уругвај е првиот домаќин на Светските фудбалски првенства и воедно прв освојувач на трофејот „Жил Риме“. Успехот на своја почва од 1930 година (во финалето ја совладаа Аргентина со 4:2), „Ла Селесте“ („небесно-сини“) го повторија и две децении подоцна во Бразил, а на последниот мундијал беа елиминирани во осминафиналето. Според бројот на жители (1,75 милиони) е најмалата земја со планетарна шампионска титула.

Луис Суарез е клучен играч на уругвајскиот национален тим. Многу нешта на тревниците во Русија ова лето ќе зависат од напаѓачот на Барселона кој е рекордер на јужноамериканската селекција по бројот на постигнати голови (50). Со своите два гола во квалификацискиот триумф над Боливија со 4:2 стави печат на пласманот на Уругвај на СП 2018. Реализациите, сепак, не беа единствен негов белег на турнирот пред четири години што го организираа „кариоките“ од кој ќе остане запаметен и по гризењето на Џорџо Кјелини.

Уругвај ќе има плејада адути во копачки во Русија, а ќе има и крај теренот. Диригент од клупата е смирениот Оскар Табарез кој е на кормилото од 2006 година. Со својот 70 годишен животен век и 12 години селекторски стаж ќе биде еден од највозрасните и најдолговечни меѓу 32. предводници на тимови на мундијалот. Но, Табарез не е првпат на „небесно-синото“ кормило. Во првиот мандат се задржа две години (1988-1990) и досега го водеше Уругвај во вкупно 183 меча.

Резултатите, велат, се единствено мерило за задржување на работата на тренерите во фудбалската игра. Табарез со оствареното во минатото, се чини, ја бетонира довербата кај челниците на Федерацијата. На Светското првенство во Јужна Африка го одведе Уругвај до полуфиналето, а веќе наредната (2011) до шампионска титула на Копа Америка, а сега и до трет мундијал во низа.

Конечен список на Уругвај за СП 2018

Голмани

Фернандо Муслера (Галатасарај)

Мартин Силва (Васко де Гама)

Мартин Кампања (Индепендиенте)

Одбрана

Диего Годин (Атлетико Мадрид)

Себастијан Коатес (Спортинг Лисабон)

Хозе Хименез (Атлетико Мадрид)

Макси Переира (Порто)

Гастон Силва (Индепендиенте)

Мартин Касерес (Лацио)

Гилјермо Варекла (Пењарол)

Среден ред

Нахитан Нандез (Бока Јуниорс)

Лукас Тореира (Сампдорија)

Матијас Весино (Интер)

Родриго Бентанкур (Јувентус)

Карлос Санчез (Монтереј)

Џорџам де Араскаета (Крузеиро)

Диего Лаксалт (Џенова)

Кристијан Родригез (Пењарол)

Гастон Рамирез (Сампдорија)

Напад

Кристијан Стуани (Џирона)

Макси Гомез (Селта)

Единсон Кавани (ПСЖ)

Луис Суарез (Барселона)

Селектор: Оскар Табарез

МЕЧЕВИ НА СП 2018

Египет – Уругвај (15 јуни, 14 ч.)

Уругвај – Саудиска Арабија (20 јуни, 17 ч.)

Уругвај – Русија (25 јуни, 16 ч.)

Резултати во подготвителниот период

Уругвај – Узбекистан (8 јуни)

Велс – Уругвај 0:1

Уругвај – Чешка 2:0

Австрија – Уругвај 2:1

Полска – Уругвај 0:0

Лична карта на Уругвај

ФИФА ранг листа: 17 место

Прекар: Ла Селесте

Настапи на СП: 12

Најдобар пласман: шампиони во 1930 година и во 1950 година

Настапи на Копа Америка: 45

Најдобар пласман: шампиони во 1916 година, во 1917 година, во 1920 година, во 1923 година, во 1924 година, во 1926 година, во 1935 година, во 1942 година, во 1956 година, во 1959 година, во 1967 година, во 1983 година, во 1987 година, во 1995 година и во 2011 година

Најдобар стрелец: Луис Суарез – 50 гола

Најмногу настапи: Макси Переира – 124 меча

Прв меѓународен меч: Уругвај – Аргентина 2:3 во 1901 година

Најубедлива победа: Уругвај – Боливија 9:0

Најубедлив пораз: Уругвај – Аргентина 0:6

Русија СП 2018 Уругвај фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.