Арслани затекнал триесетина стари предмети во кабинетот на Вангеловски

Во моментот на примо-предавање на функцијата во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски беа затечени триесетина стари предмети со донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не. Таквата состојба ја изнесов на Кривичен одел, а потоа и на Кривичен совет, вели в.д. претседателот на Врховен суд, Фаик Арслани