Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелација ќе ја води судијка која осуди новинари по тужба од Мијалков

0
By Нова ТВ on March 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 14, 2018 14:01

Судскиот совет на денешната седница ја назначи судијката Лидија Димчевска за в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје.

Денеска Советот требаше да избира претседател на второстепениот суд, бидејќи актуелната претседателка Лилјана Шопова заминува во пензија. Но изборот изостана и наместо тоа се назначи вршител на должност, откако мнозинството од членовите на Советот се согласија да се изврши вонредно оценување на кандидатите, затоа што последен пат биле оценувани во 2016 година.

Инаку, Димчевска која ќе раководи со скопска Апелација, каде веќе работи како судија во граѓански предмети и е претседател на совет.

Како што може да се види од нејзината биографија на веб-страницата на судот, таа за апелационен судија е избарана кон средината на декември 2001 година.

Првпат била избрана за судија во Општинскиот суд во Куманово во далечната 1986 година, каде работела на граѓански, оставински и вонпарнични предмети.

Димчевска беше актуелна во јавноста откако во 2014 година ја потврди првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 2 донесена една година претходно, со која тогашниот претседател на НСДП, Тито Петковски беше осуден за навреда и клевета на тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и беше задолжен да му исплати отштета од 12.000 евра.

Груевски го тужеше Петковски затоа што во 2012 година за неделникот „Фокус“ претседателот на НСДП изјавил дека Груевски со официјално писмо до генералниот секретар на Обединетите нации предложил новото име на државата да биде Република Македонија (Скопје).

Димчевска, заедно со судиите Станка Зафировска и Енвер Беџети одлучуваше и ја потврди пресудата против новинарите Јадранка Костова и Владо Апостолов.

Новинарите беа тужени од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков поради два текста, објавени во неделникот „Фокус“.

Апелационен суд Скопје в.д. претседател Лидија Димчевска Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.