Црна Гора повторно на нозе: Нови протести против Законот за слобода на вероисповед

Законот кој беше донесен кон крајот на минатата година предвидува дека верските објекти изградени или стекнати од јавни приходи до 1 декември 1918 година, ќе станат државен имот, освен ако не постојат докази за сопственост на верската заедница на оние објекти што денес ги користат или се регистрирани како сопственици

(Видео) Тешки инциденти поради законот за вероисповед во Црна Гора

Медиумите пренесуваат дека пратениците од ДФ (Демократски Фронт) за да спречат носење на законот ги напаѓаа физички пратениците од владејачката коалиција, гаѓаа со шишиња, чаши, корнеа микрофони и се обидоа да фрлат солзавец во пленарната сала. Поголеми инциденти се спречени благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето. Сите пратеници на ДФ се однесени во полиција, додека останатите пратеници продолжија со работа и законот беше усвоен околу 2:30 часот изутринава