Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Винченцо Монтела
Тренерската промена на „Сан Сиро“ доаѓа по неделното реми (0:0) на „росонерите“ со Торино на домашен терен во Серија А, половичниот ефект во првенството по 14 одиграни кола (20 освоени бода од можни 42) и седмото место на табелата што не е доволно ниту за пласман во Лига Европа за наредната сезона, а камоли за враќање во Лигата на шампионите што беше поставена како цел од раководството
Менаџерот на „росонерите“ го оцени гостувањето во Скопје како важно од аспект на индивидуалниот и колективниот пристап во ситуација кога се има убедлива предност каква што неговите фудбалери ја понесоа од Милано. Планираните ротации во тимот ги образложи со згуснатиот распоред и клупски обврски на секои три дена до крјот на годината, а згора на тоа ќе има и репрезентативни активности
Досегашниот менаџер на „милионерите“, според дел од германските медиуми, заминува од „Сигнал Идуна парк“ со отштета од 2,9 милиони евра. Разделбата ја потврди и Ханс-Јоаким Вацке, извршен директор на клубот. „Росонерите“ ја продолжуваат со тренерот што ги водеше во оваа сезона до летото во 2019 година
„Росонерите“ го совладаа Јувентус, на пенали, во Доха со 4:3 за седми трофеј во италијанскиот Суперкуп и прв воопшто по пауза од седум години