Извршителите си ги затворија канцелариите – „им го скршија срцето“ на граѓаните

„Има извршители кои едвај преживуваат, има извршители кои и немаат толку голем обем на работа“, порачува Зоран Димов, претседател на Комората на извршители, кој нагласи дека со предложениот тарифник на Министерството за правда по вторпат ќе бидат намалени наградите за нив.