„Рекетираните“ во „Рекет“: Бизнисмени удрија по Боки 13, за некои бил искористен од Јанева

Адвокатот Сашко Бошков и бизнисмените Зоранчо Митровски од Штип и Томе Главчев од Гевгелија се најновите тројца сослушани сведоци во случајот „Рекет“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски-Боки 13 и второобвинетата Катица Јанева, поранешна шефица на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО). Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 27 декември со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, а за 3 јануари на репертоарот во Кривичен суд, во улога на сведоци, се најавени и обвинители кои беа дел од тимот на СЈО