Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тага и гнев во Холандија

0
By Нова ТВ on July 21, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 21, 2014 21:21

Холандија тагува. Повеќето од жртвите од летот МХ17 потекнуваат од оваа земја. Со оглед на непрегледната ситуација во Украина, во Холандија расте гнев и вознемиреност, оти не се знае што се случува со мртвите, се вели во репортажата на Дојче веле.

Холандскиот премиер Марк Руте за првпат се среќава со роднините на жртвите од летот МХ17. Членовите на парламентот надлежни за надворешна политика се состануваат во Хаг да ја разгледаат ситуацијата. Свеченостите како на пример планираното повторно отворање на еден автопат-тунел кај Амстердам се откажани.
Од Ајндховен за Украина вчера отпатуваа првите холандски експерти за форензика. Премиерот Руте рече дека проблемот бил во тоа што ситуацијата не била непрегледна: „Еднаш се вели имало пристап до местото на падот на авионот, потоа немало. А потоа само органичен пристап“, вели Руте. „Видовме страшни слики: Од луѓе кои таму имаат сѐ под своја контрола, кои се фотографираат со детски играчки во рацете, со слики кои децата ги цртале во авионот“.

На аеродромот Шипол во Амстердам, од каде што изминатиот четврток полета боингот на „Малезија еирлајнс“ и натаму има море од цвеќиња. Луѓето стојат во редици пред книгите на жалост. Се положуваат кадифени играчки и картички со пораки на кои може да се прочита: „Длабока жалост – несфатливо“.

Пред терминалот стои мајка во жалост и во раката држи фотографија од нејзините две деца. Ќерката и синот на возраст од 23 и 20 години тргнале на одмор: „Тие лежат таму! – некаде! Сакам да организирам погреб“. Но, не може, бидејќи не знае каде се тие. „Ги сакам децата назад! Погледенте ги двајцата, млади, прекрасни! Господине Путин, испратете ми ги моите деца дома – ве молам!“

Медиумите во Холандија, но и луѓето на улиците шпекулираат дали навистина се пронајдени сите мртви. И тие прашуваат зошто мртвите не се вратени досега во нивните татковини. Премиерот Руте во телефонски разговор со претседателот на Русија Путин побара, тој конечно да се погрижи за непречен пристап до местото на падот на авионот.
Во Холандија речиси да нема провинција, регион од каде што немало загинати патници, подвлекува премиерот Руте. „Како мала земја“ , вели тој „сето ова не погодува особено тешко!“

Кралството во тага

Во Даивн, село во Арнхајм во несреќата загина речиси цело семејство, останал само третиот син, кој не полетал. Во местото Нееркан, каде живеат околу 2000 луѓе во близна на Фенло загинаа родителите и сите четири деца. Еден сосед потресен во солзи раскажува: „Живееме 16 години едни покрај други“. Семејството било многу пријатно и љубезно. „Сѐ уште неможам да верувам“, вели тој. Пред куќата на ова шестчлено семејство лежат голем број букети, картички и свеќи – исто како и пред куќите, пред црквите, училиштата, спортските здруженија и градските собранија – насекаде во целото кралство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.