Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тајмс: Трамп се заканува со повлекување од мировните преговори ако до идната недела нема напредок

0
By Zoran Ivanov on April 26, 2025 ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Администрацијата на Трамп очекува и промена на расположението во Европа поради растечкиот замор од војната и можната економска рецесија, поттикната делумно и од новите трговски царини.

Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со напуштање на мировните преговори за Украина доколку идната недела не се постигне договор за Украина, јави денеска лондонски „Тајмс“ повикувајќи се на свои извори.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски моментално е под огромен притисок да го прифати американскиот предлог, наведува изданието.

Предлогот, како што е претставен од специјалниот пратеник Стив Виткоф, предвидува Вашингтон официјално да признае дека полуостровот  Крим е руски и де-факто признавање на руската контрола врз јужните и источните украински територии окупирани по 2022 година.

Ако Киев не го прифати предлогот, САД предвидуваат продолжување на војната „со месеци или со години“, при што Украина би била зависна само од европската финансиска и воена помош. Запирањето на американската помош би имало исто влијание како и прекин на испораките на оружје бидејќи Украина ги користи тие пари да купи оружје од останатите сојузници, нагласил изворот.

Администрацијата на Трамп очекува и промена на расположението во Европа поради растечкиот замор од војната и можната економска рецесија, поттикната делумно и од новите трговски царини. Во врска со ова, започнати се активни посреднички напори, а САД минатата недела ги предупредија страните дека ќе се повлечат доколку нема напредок.

Трамп неодамна изјави дека шанса за договор за мир во Украина сè уште постои, но дека прашањето за повлекувањето на Вашингтон ќе стане актуелно за „две недели“.

Кијив, пак, под лидерство на претседателот Володимир Зеленски, останува на ставот дека нема да прифати решенија кои подразбираат признание на руската окупација и инсистира на мировни преговори врз основа на меѓународното право.

 

Мир повлекува САД Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.