Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тајните играчи од САД позади македонските „фејк њус“ велешки сајтови

0
By Нова ТВ on July 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 18, 2018 18:41

Македонската таканаречена фејк њус индустрија од Велес имала и американски врски со познати конзервативни автори, а во моментов се води и меѓународно истражување за евентуални координирани меѓународни акции во медумската пропаганда. Се истражува и што барала руска државјанка во Македонија непосредно пред изборите за претседател во САД во 2016. Не било кој, туку Ана Богачева, дел од обвиниението на Роберт Милер во американската истрага. 

Автори: Сашка Цветковска, Аубри Белфорд, Крег Силверман и Џ. Лестер Федер.

Истражувањето спроведено од партнерите OCCRP, Buzzfeed и Истражувачката репортерска лабораторија – Македонија во соработка со медиумскиот партнер НОВА  открива информации кои фрлаат ново светло врз скандалот со фејкњус бумот во македонскиот град Велес.

Една недела пред денот на изборите во САД во 2016 година, Базфеед откри дека во Велес се регистрирани повеќе од сто веб страници кои објавуваа лажни и вирални вести кои одеа насока на поддршка на, тогаш кандидатот за претседател, Доналд Трамп.

Медиумите низ светот се собраа во Велес да ја раскажат приказната за Велес и за таканаречените лажни вести кои ги правеа тинејџери од целиот свет  – многумина од нив со малку разбирање на англискиот јазик, но со успех во заработка на десетици илјади долари од дигитален маркетинг благодарение на виралноста на нивните често погрешни приказни за американската политика.

Партнерите сега откриваат дека политичката новинска индустрија не почнала спонтано од аполитични тинејџери, туку била лансирата од познат млад адвокат кој често ги брани новинарите во разни судски случаи. Неговото име е Трајче Арсов, а тој работел со американски партнери повеќе од шест месеци во периодот пред претседателските избори во САД. Еден од овие Американци е Парис Вејд, кој во моментов се кандидира за државното Собрание во Невада. Арсов, исто така, ангажирал  и американски и британски автори, вклучувајќи најмалку двајца кои работат за десничарски конспиративни популистички веб медиуми како Gateway Pundit.

Фото: Парис Вејд

Ова истражување открива дека припадници на руските таканаречени трол-фабрики кои се дел од обвиниението на специјалниот иследник од САД Роберт Мулер кој го истражува наводното мешање во претседателските избори, доаѓале во Македонија само три месеци пред креирањето на првите сајтови со таканаречени лажни вести фокусирани на американската политика во предизборието.

Новинарите од партнерските организации не најдоа доказ што го поврзува доаѓањето на Ана Богачева, тн. Руски трол од обвиниението на Милер, со велешките веб страници. Аросв и другите поврзани со оваа операција негираат секаква поврзаност со било какви линкови со Русија.

Фото: Ана Богачева

Но, сега македонски разузнавачки и правосудни агенции соработуваат со правосудни органи и агенции од САД во најмалку две западно-европски држави со намера да истражат дали можеби постојат евентуални врски меѓу Русија, потврдија двајца високи функционери во две институции вклучени во меѓународната истрага.

Арсов и Богачева се меѓу нешто повеќе од 20те лица кои се проверуваат во две посебни истраги кои имаат допирни точки една со друга, според македонските официјални лица вклучени во оваа соработка.

Според нив, „истрагата е во многу рана фаза“, еден од надлежните кажа во разговор со Базфид, додавајќи дека оние кои се на листата за проверка “не значи воопшто дека направиле нешто нелегално“. Ниту еден од американските автори до објавувањето на ова истражување  не знае дали е дел од некаква истрага, а партнерите не можеа да потврдат ништо врзано со нив.

Она што е јаснно е дека моќните сили на Фејсбук, големите заработки од дигиталниот маркетинг и политичките спонзорства даваат шанси на глобални сојузи да го зголемат своето влијание преку ширење на лажни или полувистинит вести во критични моменти како деновите пред изборите во САД.  

 “Не ја коментирам мојата работа”

Богдачева е една од 13те руски државјани обвинети за наводно мешање во изборите во САД февруари годинава, од страна на Мјулер.

Обвинението се фокусирало на улогата на „фабриката за нарушување на углед“ со седиште во Ст. Петерсбург. Станува збор за Агенција за истражување на интернетот, која што создавала онлајн пропагандни материјали и ширела пораки преку социјални мрежи со цел да му помогнат на Трамп до изборна победа над противкандидатката Хилари Клинтон.​

​​Во обвинението стои, дека Богдачева во минатото раководела со одделението за анализа на податоци во таа Агенција. Во соработка со друга вработена во Агенцијата, Богдачева наводно патувала низ соединетите држави во период од три недели, во етко на јуни 2014 година, создавајќи разузнавачки извештаи кои ги проследувала до претпоставените во Агенцијата.

Точно една година подоцна, Богачева допатувала во Македонија.

Документите за влез во државата, прибавени од Базфеед и ОССРП​ укажуваат дека Богачева престојувала во Македонија во средината на 2015. ​

На 26 јуни  2016 преминала во Грција, за што понатаму нема службени записи, ниту пак е познато како влегла во Македонија

​Богачева за своите патувања од Грција кон Австрија, па Италија објавувала постови на социјалната мрежа VKontakte, каде што, всушност, новинарите и видоа дека таа воопшто доаѓала овде.

​На новинарски прашања поставени преку „VKontakte​“ да ги објасни причините за посетата на Македонија во 2015, Богачева одби да одговара на прашања со коментар дека „не разговара за прашања поврзани со нејзината работа”. Во прашањето, новинарите не имплицираа дека таа била овде службено, туку самата Богачева тоа го кажа во нејзиниот одговор.

Нулта пациент – почетна точка

​Стереотипот за македонски објавувач на лажни вести е тинејџер од Велес кој слабо зборува англиски, не се грижи ѕа новинарството ниту пак ѕа политиката во САД, а пак врвно управува со техники за масовно плагирање и ширење на дезинформации по социјалните мрежи.

Трајче Арсов не е ниту една од овие работи. Но, тој е кумот на веб страниците со содржини за политиките во САД, од Македонија.

​Арсов, нарекуванТале  е 33 годишен адвокат од Скопје, кој потекнува од Велес. Арсов се декларира како либертаријанец на кој републиканските сенатори Ранд Пол и Тед Круз му се политички идоли.

Во изминатите десет години кога во Македонија владееше авторитативна – конзервативна влада, Арсов беше еден од ретките адвокати кои имаа волја да ги бранат независните новинари.(во сплет на околности, Арсов бранеше и коавтор на оваа приказна, но неговиот ангажман е прекинат)

 

Фото: Архива од текст објавен на USA Politics Today

Со увид во домејните за регистрација на Македонските политички сајтови, репортерите на Базфеед и ОССРП открија дека Арсов заедно со неговиот брат Панче ги објавиле првите политички сајтови во Велес – USAPoliticsToday.com беше објавен на 23 септември 2015 година. Објавувањето на овој сајт во Велес предизвика големи реакции и брзо по тоа почнаа да се појавуваат слични сајтови. Со тек на времето Арсови направија своја империја од приближно дузина сајтови и поврзани фејсбук страници – кои вкупно имаа преку 2 милиони следбеници. Овие страници беа оперативни и објавуваа вести се до овој април кога Фејсбук конечно ги затвори.

Репортерите со Арсов се сретнаа некаде кон средината на мај во лобито на хотелот кој се наоѓа спроти спомен домот на Мајка Тереза, во центарот на Скопје.

На почетокот Арсов негираше било каква поврзаност со овие сајтови, но откако беше соочен со документи почна да се отвара. Во серија на интервјуа кои се одржуваа лично, преку апликацијата Whatsapp и телефонски, тој постепено откриваше детали околу организацијата, кои вклучуваа информации за соработници од Велика Британија и САД. Овие информации пред објавувањето на сторијата беа потврдени од новинарите.

Арсов негира било каква поврзаност со пропагандната операција на Русија. Според Арсов се започнало во 2015 година, кога неговиот брат (викан Пане) му ја дал идејата. Со години Велес бил домаќин на мноштво сајтови кои објавуваа вирални стории за здрава храна, суплементи, автомобили, мотори и други теми. Дел од локалците кои учествувале во ова направија мали богатства преку онлајн рекламните сервиси како Google AdSense (платформа за рекламирање на сајтови преку рекламите на Гугл).Арсов вели дека неговиот брат во тој момент бил неработен и живеел од помошта на неговите родители сакал дел да биде дел од акцијата. Братот на Тале Арсов, Пане, вели дека прв пат слуша за некаква истрага и дека тој не е вмешан во ништо нелегално.

Тале вели дека браќата кусо време се обиделе да водат интернет сајт за автомобили, но многу брзо се увериле дека политичките портали особено оние кои се про-конзервативни многу подобро котираат.

„Ја следам македонската политика, политиката во САД и Русија“, вели Тале. „Мојата идеја беше, ОК, би можел да почнеш со нешто поинакво, што не е здрава храна, автомобили, би можел да почнеш со политика“.

И покрај тоа што Тале за себе смета дека е десничарско – либертаријански, тој вели дека неговиот прв обид на пазарот бил за текстови за либералите. Но, на Фејсбук, копирање и преработка на текстови за конзервативците била подобра бизнис идеја, вели тој.

„Ги дознавме имињата на групите во кои можеме да останеме подолго, каде нашите профили не ги отстранија, и беа поврзани со конзервативците, со Републиканците, со Трамп“, вели тој. „Најдовме над 100 групи на конзервативците, а имаше само десетина за либералите“.

Во интервјуто за нашите репортери, Арсов тврди дека неговите портали не објавувале лажни текстови, туку содржината во главно била преземена од мејнстрим конзервативни сајтови како Fox News, Breitbart, The Daily Caller, and the Washington Examiner.

„Јас сум против мејнсистрим медиумите кои се пристрасни кон демократите.

CNN и други, како и ABC  се исто така пристрасни“, вели Арсов.

Проверката на архивираните текстови на сега затворените страници, покажува изобилие на десничарски конспирации. Obama’s Ex-Boyfriend Reveals Shocking Truth That He Wants To Hide From America,  Putin to NWO Agents and Satan Worshipers: I’m Coming for You!, “HUGE Scandal – Chelsea isn’t Bill Clinton’s Daughter?”

Најмалку во еден наврат, сајтот реобјави информации од сатиричниот веб сајт The Onion, и ја презентираше како вистинска сторија.

Бројни стории кои претходно беа објавени ја фаворизираа Русија иако Арсов во интервјуата неколкупати одрече дека неговиот „издавачки бизнис“ им било каква врска со Русија или било кој што би можел да работи како прокси за таа држава

Како што вели тој ја објавувал таа содржина затоа што тие вести биле достапни и луѓето сакале да ги читаат.

Веб страната USA Politics Today многу брзо стана успешно. Во Велес се прошири информацијата дека браќата Арсов нашле нова тема од која се прават пари. Набрзо, другарите на Пане почнале да отвораат свои политички веб страници. Според Арсов, еден од нив е и Орце Станковски кој претходно поминал шест месеци работејќи на фарма за свињи. Станковски ги направил страниците usapoliticsinsider.com и usadailypolitics.com. Други млади лица и тинејџери наскоро отворија свои сајтови за политиката на САД.

Станковски му ја спушти слушалката на нашиот репортер кога од него побаравме коментар за овој случај.

Меѓународни врски

Во пролетта 2016 Велес беше дом на таканаречената индустрија за политички веб страници ориентирани кон американските политики. За младите во една земја каде што просечниот приход е малку повеќе од 300 евра месечно, можноста да се заработат пари преку Google Adds Sense и други мрежи беше трансформативен момент. Се купуваа нови коли и се трошеле пари по локалните барови. Додека Пане се расфрлал со пари низ градот, Тале тивко ги менаџирал сајтовите и градел стабилна инфраструктура за нови брендови. Профитите растеа, а браќата не губеа време за да ги трошат парите. Во 2016 година Пане и Тале двајцата патувале засебно во Тајланд, а од тие патувања се постираа и слики на социјалните мрежи.

До 2016 година Тале, исто така, создал и нов контакт – тој вели дека започнал да се допишува на Фејсбук со Бен Голдман, американски писател и издавач кој заедно со неговиот партнер Парис Вејд, ја основале Liberty writers news, хиперпартиски конзервативен сајт базиран во САД. Оваа двојка ќе доживее слава кон крајот на 2016 година во ноември кога Вашингтон Пост ќе им направи профил портретирајќи ги како дезинформаторски платеници кои се богателе преку ширење страв и гнев. Вејд денеска е кандидат од страна на американските Републиканци за Невада, државниот сенат. Арсов и Американците, Голдман и Вејд, ги менуваа своите изкази коа беа иницијално соочени со докази.

Кога прв пат Вејд беше контактиран преку телефон, на нашиот репортер му рече: “Не знам ништо за врски со македонски издавачи“. Подоцна Голдман достави пишана изјава со која го призна партнерството со Арсов. Арсов првично рече дека за Голдман и Вејд дознал од профилот направен во Вашингтон Пост. Тој рече дека единствена врска меѓу нив било тоа што преземал неколку текстови од Алекс, братот на Парис Вејд. По двенеделни конктаки и интервјуа, Арсов ја откри нивната екстензивна соработка. Арсов рече дека Голдман го замолил да помогне да се запрат другите македонски издавачи бидејќи краделе многу текстови од Либерти Врајтерс. Тој рече дека како адвокат им испраќал и писма на другите издавачи на сајтови од Велес. Како и да е, изјавата на Голдман го демантираше ова.

„Никогаш не сме барале правни услуги од него. Нашата релација беше строго новинар кон новинар“, рече Голдман.

И Арсов и Голдман рекоа дека врската започнала кога почнале да споделуваат содржина на своите фејсбук страници, тие на нивните, Арсов на неговите. Оттаму, врската се продлабочувала. Помеѓу летото 2016 и јанауари 2017 година, Вејд напишал повеќе од 40 текстови за македонскиот сајт на Арсов USA politics today.  Неговиот брат Алекс за истиот сајт напишал најмалку 670 текстови користејќи го псевдонимот Александер Варен.

Целата сторија прочитајте ја овде:

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.