Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таки Фити: Не е лесно да се промени името, но знаеме по кој пат одиме

0
By Нова ТВ on June 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 17, 2018 14:32

Постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција по однос на прашањето за името е компромисно решение, со отстапки на кои мораа да се согласат и двете страни, но Македонија нема развојна парспектива надвор од Европската унија и членството во НАТО, оцени денеска во Охрид претседателот на Македонската академија на науки и уметности Таки Фити, ја пренесе МИА неговата изјава.

– Ова е компромисно решение што наметнува отстапки и како такво предизвикува незадоволство и кај двете страни. За МАНУ и за сите граѓани на Македонија особено значајно беше да се зачуваат идентитетските прашања. Македонскиот јазик, националноста, нашата култура и традиции и фактот што Грците ја признаваат нашата посебност, посебноста на македонскиот јазик како дел од групата јужнословенски јазици, сметам дека е добро, изјави Фити.

Коментирајќи го договорот за името потпишан денеска во Псарадес, тој потсети дека МАНУ во однос на прашањето за името имала јасни ставови поместени на нејзината интернет-страна, како и оти Академијата учествувала во подготвувањето на аргументацијата околу преговорите на двете страни, особено по оние прашања што се третираа како црвени линии од страна на Грција.

Фити укажа на потребата Македонија да остане доследна на изборот да биде дел од евроатлантските интегративни процеси.

– Сите ние моравме да проголтаме едно горчливо апче, бидејќи не е лесно да ви се промени името, но на крајот на краиштата ние знаеме што сакаме и знаеме по кој пат треба да се движиме. Не можеме да останеме во оваа ситуација – 27 години заробени во однос на евроатлантските интеграции бидејќи Македонија не може и нема своја развојна перспектива надвор од ЕУ. Гледано економски, ЕУ е најголемата економска интеграција во светот со над 500 милиони луѓе, висок доход и пазар со голема апсорпциона моќ. Унијата креира 25 отсто од светскиот бруто доход, учествува со 33 отсто во светската трговија, 30 проценти од сите светски знаења се концентрирани во ЕУ. Македонија со два милиони жители каде ќе ги продава своите производи ако нашиот пат не е кон евроатланстките интеграции и воопшто кон големиот пазар, нагласи Фити.

Тој додаде дека сепак на крај одлуката по однос на договорот ќе ја донесат граѓаните на референдум.

Договор за решавање на спорот со Грција Македонска академија на науки и уметности МАНУ Таки Фити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.