Таксират – 16 собра околу 6.000 посетители кои ја следеа музичката програма составена од осум изведувачи. Фестивалот синоќа започна со рок, панк и реге а заврши со главниот гостин на вечерта Сандер ван Дорн.
Завележителен беше повикот на македонскиот реге бенд „Conquering lion“ кој ги повика присутните да му дадат поддршка на Студентскиот марш најавен за во среда 10.декември
Значително „загреана“ атмосфера после одличниот настап на трип-хоп уметниците „Tricky“, донесоа Bad Copy.
Електронските звуци на холандскиот DJ Сандер ван Дорн ја привлече публиката до раните утрински часови со чиј настап и заврши фестивалот.
Во продолжение ФОТОГАЛЕРИЈА: