Талат Џафери останува претседател на Собранието, откако синоќа пратениците не ја изгласаа интерпелацијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.  Против интерпелацијата гласаа 61 пратеник, „за“ 43  и ниту еден воздржан. Во гласањето учествуваше и Џафери.

„Нема да дозволам да се узурпира овој дом. Овој дом припаѓа на народот. Јас сум растоварен од партиските обврски и настојувам таа моја определба да ја терам до крај. Комуникацијата продолжува со секој од вас што има волја да комуницира со мене како претседател на Собранието“, рече Џафери по гласањето.