НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби невистини и манипулација – Талат Џафери за интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 15, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интерпелацијата што ја поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата содржи низа невистини и претставува груб обид за манипулација, вели Талат Џафери, претседателот на Собранието во одговорот на барањето на опозициската партија да се расправа за доверба на собранискиот спикер.

Собраниската седница за интепелацијата според роковите пропишани во Деловникот би требало да се одржи најдоцна до крајот на месецов.

Според Џафери, наводите на опозициските пратеници се тенденциозни и како што вели, имале намера „да ги девалвираат неговите постигнувања во изминативе пет години во подигнувањето на нивото на дијалогот и демократска култура во законодавниот дом.“

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се секако свесни дека за дневно- политички цели поттикнати од ниовното партиско седиште пласираат груби невистини со наводите во интерпелацијата дека ги прекршувам Уставот, законите и собранискиот Деловник, вели Џафери и како аргументи дека работел според закононите ги наведува ревизорските извештаи од 2008 до 2020 година во кои како што вели се потврдило неговото успешно работење.

Собранискиот претседател, понатаму ги негира и тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека го прекршил Етичкиот кодекс и дека тој е првиот кој се потпишал кога заедно со неговите колеги се обврзал дека ќе работи според етичките принципи.

– Во изминатите пет години, се однесувам со посебна почит кон сите вработени во Службата на Собранието на Република Македонија. Аргумент во таа насока е и мојата посебна заложба за донесување на законските измени кои овозможија независност на собраниската служба, како што и `и личи на институцијата која е носител на законодавната власт и на демократските процеси во земјава, со што, меѓу другото, за првпат по подолго време се овозможи зголемување на платите на сите вработени во собраниската администрација за 20 проценти, одговара собранискиот претседател.

Тој додава дека и „воопшто не држат вода обвинувањата за неговото несоработување со сите пратенички групи, вклучително и тие од опозицијата.

– За сите координации има записници кои ги демантираат тезите изнесени во интерпелацијата за прекршување на Уставот и на Деловникот, како и за моето несоработување со опозицијата, вели Џафери.

Тој во одговорот на интепрепалцијата наведува дека собраниските врати биле затворени за да се утврди бројот на присутните пратеници во собраниската сала и да се види дали има кворум за гласање и дека со таквата постапка, како што наведува собранискиот претседател, не го прекршил Деловникот.

– Во врска со наводите дека сум го прекршил Деловникот со тоа што сум побарал да се затворат вратите на пленарната сала за да се пребројат присутните пратеници, на сите упатени во случувањата во Собранието во последните неколку години, веројатно им е многу јасно дека станува збор за чисто лицемерство. Мошне јасна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување на битни закони за граѓаните, и овој пат да создаде лажна претстава во јавноста дека јас постапувам спротивно на Деловникот. Токму Деловникот ги демантира нелогичните обвинувања дека сум сторил нешто надвор од моите надлежности, наведува Џафери.

Според членот 95 од Деловникот, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. Претседателот на Собранието го соопштува бројот на пратениците што гласале „за”, „против” или „воздржано”, како и бројот на пратениците што се присутни.

Претседателот на Собранието, според Деловникот, може да определи да се утврди бројот на присутните пратеници со броење. Утврдениот број на присутни пратеници се смета за точен сè додека претседателот или еден пратеник, чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници, не побара повторно да се утврди бројот на присутните пратеници.

– Според тоа, вечерта на 25 мај, вратите на салата беа затворени за да можат собраниските служби да го утврдат бројот на присутни пратеници, односно дали има кворум за да се премине на гласање. Всушност, во Деловникот е предвидена можност за затворање на вратите на салата, на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник, поддржан од најмалку десет пратеници. Поточно, членот 97 од Деловникот предвидува дека за време на поименичното изјаснување на пратениците вратите на салата во која се одржува седницата на Собранието се затвораат и не се дозволува влегување и излегување на пратениците се додека трае поименичното изјаснување, така што јасно е дека единствената намера на опозицијата, во овој случај беше да приредат евтина претстава пред јавноста, вели Џафери.

Единствената точна констатација во интерпелацијата според Џафери е таа дека тој е  првиот кој се потпишал на Етичкиот Кодекс донесен во негов мандат.

Тоа само по себе, вели Џафери говори за неговата посветеност во јакнење на демократичноста и на етичките начела во законодавниот дом.

– Стара вистина е дека пред да обвинуваш некого, прво треба да се погледнеш во огледало. Да имаше малку самокритичност и објективност кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе се воздржеа од вакви неосновани напади врз мене и од креирање вакви сценарија. Затоа што фактите говорат дека и Етичкиот кодекс и законските измени со кои се овозможи независноста на собраниската администрација се донесени во мојот мандат, дека најновиот извештај на ДЗР за работата на Собранието е чист како солза, а дека прекршувањата на Уставот и на Деловникот беа пракса во едни минати времиња, наведува претседателот на Собранието Талат Џафери, за поднесената интерпелација од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

С.М.

 

 

интерпелација Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.