Талибанците нема да го соопштат составот на нивната влада се додека САД не го завршат повлекувањето на своите војници, изјавиле двајца извори од движењето за АФП, пренесува БГНЕС.
„Одлучено е формирањето на владата и кабинетот да не се објавуваат се додека е присутен и еден единствен американски во Авганистан“, изјавил извор од талибанското движење, што потоа било потврдено и од друг извор.