Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците им порачуваат на вработените Авганистанки  да останат дома  бидејќи војниците „не се обучени“ да ги почитуваат

0
By Mirjana on August 26, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стравот се зголемува за  жените и девојките во Авганистан, откако Талибанците им порачаа на работничките да останат дома, признавајќи дека не се безбедни во присуство на војниците на милитантната група, зашто тие не се обучени да ги почитуваат.

Портпаролот на Талибанците, Забиула Муџахид, на прес – конференција во вторникот рече дека жените не треба да одат на работа поради сопствената  безбедност, со што ги поткопа  напорите да се убедат меѓународните набљудувачи дека групата ќе биде потолерантна кон жените отколку кога биле последен пат на власт.

Упатството дојде истиот ден кога Светска банка го прекина финансирањето во Авганистан, повикувајќи се на загриженост за безбедноста на жените, и за неколку часа откако ОН повикаа на „транспарентна и брза истрага“ за извештаите за кршење на човековите права по преземањето на Талибанците.

Муџахид рече дека упатствата да останат дома ќе бидат привремени и ќе и овозможат на групата да најде начини да осигура дека жените не се „третирани на непочитувачки начин“ или „не дај Боже, повредени“. Тој призна дека мерката е неопходна бидејќи талибанските војници „постојано се менуваат и не се обучени“.

„Среќни сме што влегоа во зградите, но сакаме да бидеме сигурни дека нема да се соочат со грижи“, рече тој. „Затоа, ние ги замоливме да земат одмор од работа додека ситуацијата не се врати во нормален ред и не се воспостават процедури поврзани со жените, а потоа ќе можат да се вратат на своите работни места откако ќе објавиме“.

Кога последен пат беа на власт помеѓу 1996 и 2001 година, милитантната група им забрани на жените да работат , ги спречи да излезат од домот без придружба и ги принуди да го покриваат целото тело.

По влегувањето на Талибанците во Кабул, салоните за убавина и рекламниот материјал со фотографии на жени беа испрскани со боја..

Групата инсистираше на тоа дека нивната нова ера на чело на државата  ќе биде поумерена, но талибанските водачи одбија да гарантираат дека правата на жените нема да бидат одземени, а многу од нив  веќе се соочија со насилство.

Џон Фишер, директор во Женева Хјуман рајтс воч, во изјава рече дека ОН „не успеаја да создадат силно тело за следење на човековите права и да ја исполнат својата одговорност за заштита на авганистанскиот народ“. Тој рече дека резолуцијата „претставува шлаканица за авганистанските бранители на човековите права и активистките за правата на жените, кои ужасно гледаат како владеењето на правото се распаѓа околу нив“.

 

Авганистан жени Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.