Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците од сите страни влегуваат во Кабул

0
By НОВА ТВ Balaban on August 15, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Талибанците почнаа да влегуваат во Кабул од сите страни, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи.

Раководството на Талибанците им нареди на борците да се воздржат од насилство во Кабул, да овозможат безбедна евакуација на оние што сакаат да го напуштат главниот град и да ги принудат жените да се засолнат во заштитените подрачја.

Тројца авганистански службеници за американски медиуми изјавија дека Талибанците влегле во предградието на Кабул.

Aмериканците веќе неколку часа ги евакуират вработените од амбасадата, а претседателот Бајден потпиша указ за уште 1.000 војници, со што сега во операцијата учествуваат 5.000 војници.

Хеликоптери слетуваат во амбасадата на САД во Кабул, а дипломатските возила го напуштаат комплексот, за време додека Талибанците напредуваат кон главниот град. Од покривот на амбасадата се издига чад. Американските власти изјавуваат дека дипломатите во амбасадата почнале со уништување на документите.

Факти за градот и претходните напади:

Населението од пет милиони луѓе во Кабул е зголемено, илјадници бегаат во него од други делови на државата. Илјадници војници од САД и Велика Британија се на пат за да го обезбедат аеродромот и нивните амбасади, додека странските мисии евакуираат персонал.

Авганистанската армија вети дека ќе го брани главниот град.

Кабул зафаќа површина од околу 1.000 квадратни километри и е опкружен со планини. Постојат четири главни патишта во градот: од Мајдан Шахр на југозапад, Пул-е-Алам на југ, Суроби на исток и Баграм на север.

Талибанците вчера го зазедоа Пул-е-Алам без голем отпор. Талибанците велат дека се блиску до заземање на Мајдан Шар. Тие веќе го зазедоа Газни, по патот од Мајдан Шахр и имаат силно присуство во околните области.

Талибанците денеска речиси без борба го зазедоа источниот град Џалалабад. Главниот автопат од таму до Кабул минува низ Суроби.

Напади од минатото врз Кабул

Во 1996 година, талибанците го освоија Кабул од Муџахедин сојузот со напад преку Суроби. По победата во битката кај Суроби, талибанците маршираа во Кабул.

Во 2001 година, силите поддржани од САД повторно го зазедоа Кабул со напад од север, влегувајќи во градот преку Баграм, откако во голем број воздушни напади загинаа стотици талибански борци, кои формираа одбранбен прстен.

Воздушната база Баграм, 64 километри северно од Кабул, е најзначајниот воен имот на земјата и беше седиште на американската војска за време на 20-годишната војна, пред да ја напуштат пред само еден месец. Базата сега е во рацете на авганистанската војска.

Талибанците немаат воздушна сила и користат артилерија и ракети проследени со копнени напади додека заземаа неколку градови и провинциски главни градови во последните недели. Некои области паднаа без борба, бидејќи провинциските лидери се обидоа да избегнат крвопролевање и се предадоа.

Крвава битка за Кабул може да се избегне доколку се постигне политичко решение меѓу владата и талибанците.

Бунтовниците инсистираа дека нема да преговараат со влада предводена од претседателот Ашраф Гани. Гани не покажа склоност да замине. Вчера тој рече дека е на итни разговори со локалните лидери и меѓународни партнери и дека „реинтеграцијата на безбедносните и одбранбените сили е наш приоритет“.

 

влегуваат сите страни Талибанците
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.