Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците се враќаат на старо: Со Авганистан ќе владее врховен лидер и талибански совет

0
By Sashko on August 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека од аеродромот во Кабул забрзано се изведува евакуација на луѓето кои сакаат да ја напуштат земјата: дипломатски персонал, странци, како и Авганистанци кои работеле за странските мисии и нивните семејства, новата талибанска власт веќе ги најавува своите првични чекори за новото уредување на земјата. Најавите од изминатиот викенд дека земјата во иднина ќе биде исламски емират, од вчера полека ги добива своите контури. Талибанците излегоа со став дека со земјата ќе управува Совет со кој ќе раководи лидерот на исламистичкото движење, Хаибатулах Ахунџада, како врховен водач, што ќе биде уредување многу слично на тоа кое управуваше во годините на теророт, од 1996 до 2001 година.

Во тој период со Авганистан владееше врховниот лидер Мула Омар, а тековните проблеми ги решаваше талибански совет. Ова е во спротивност со барањата на Советот за безбедност на ОН и западните демократии „новата авганистанска влада да биде обединета, инклузивна и репрезентативна“. Тоа е во спротивност и со заложбите што во својот прв официјален настап вчера ги искажа и портпаролот на движењето Забихула Мухаџид, кој вети целосна амнестија за сите Авганистанци и поголеми слободи за жените и за медиумите во земјата, согласно, како што кажа „шеријатското право“.

Но, од овие ветувања остана многу малку. На неколку места вчера беа регистрирани вооружени инциденти. Најсериозниот бил во Џалалабад, каде стотици Авганистанци се обиделе да го вратат државното знаме на јарболите, откако талибанците го поставиле своето, поради што било пукано врз нив, а информациите говорат дека имало и загинати. Напади врз жени имало на повеќе места, јавуваат западните медиуми, а талибанците пукале и во близина на аеродромот во Кабул, каде веќе три дена илјадници Авганистнаци чекаат воздушен транспорт за да ја напуштат земјата.

Како обид да се прикажат во поинаква слика од доминантно прифатената за нив во целиот демократски свет и да покажат дека прават консултации за идното државно уредување, талибанците вчера оствариле средба и со поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи, првиот претседател по нивното соборување од власта во 2001 година. Деталите од разговорот сè уште не се достапни за јавноста.

Воедно, наведуваат западните агенции, имало обиди талибанците на своја страна да ги придобијат поранешните припадници на авганистанската армија и посебно пилотите, иако, оваа нивна намера тешко дека ќе се спроведе затоа што во изминатите 20 години токму тие убија илјадници војници и пилоти обучувани од САД.

Врховниот лидер на движењето Ахунџада најверојатно ќе има поголема важност од водачот на советот кој ќе биде еквивалент на претседателот на земјата, изјави Вахидула Хашими, еден од неколкумината лидери на движењето.

Врховниот водач на талибанците ќе има тројца заменици – Мавлави Јагуб, син на Мула Омар, Сираџудин Хакани, кој е водач на моќната воена мрежа Хакани, и Абдул Гани Барадар, шеф на политичката канцеларија на талибанците во Доха. Барадари е еден од основачите на талибанците.

Хашими објаснува дека многу прашања поврзани со политичкиот систем во земјата се уште не се решени, но се знае дека Авганистан под талибанците нема да биде демократија.

Воопшто нема да има демократски систем, бидејќи тој нема никаква база во нашата земја. Нема да разговараме за тоа каков тип на политички систем треба да воведеме во Авганистан, бидејќи е очевидно. Тоа е шеријатски закон и тоа е тоа, додаде тој.

Втората битна тема во Авганистан, ако не и најважната за Западот, е евакуацијата на луѓето кои сакаат да си заминат од земјата. А тука, пред се, на аеродромот во Кабул, владее хаос. САД постојано го зголемува својот контингент војници за обезбедување и организација на евакуацијата, а проблемите остануваат затоа што станува збор за огромен број лица, кои се околу и во самиот аеродром.

Американските сили вчера на неколку пати употребија огнено оружје за да го стават под контрола неконтролираното однесување на толпата.

Британските медиуми наведуваат дека претставникот на Пентагон, Џон Кирби, потврди дека во пукањето нема загинати или повредени, како и дека американските војници не пукале ниту на Авганистанците, ниту на било кој друг. Тој потврди дека бројот на американски војници на аеродромот во Кабул вчера достигна 4.500, како и дека во следните 24 часа се очекува да пристигнат уште неколку стотици припадници на американските вооружени сили.

Талибанските власти одделно потврдија дека нивните команданти и војници пукале во воздух за да ја растераат хаотичната толпа на аеродромот во Кабул.

Немаме намера да повредиме никого, изјави талибански претставник за британските медиуми, потврдувајќи дека хаосот продолжува и надвор од аеродромот, обвинувајќи ги западните сили за „хаотичното спроведување на евакуацијата“ од Авганистан.

Третата тема поврзана со молскавичните случувања во Авганистан е одговорноста за тоа што се случи. Британските парламентарци вчера вината за „моралниот крах на одговорноста“ ја лоцираа кај американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон. Бајден, патем, во изминатите неколку дена, токму заради случувањата во Авганистан, (покрај своето јавно појаснување на причините за повлекувањето на американските војници од оваа земја)  има стрмоглав пад на популарноста кај Американците  од неговото стапување на должноста во јануари годинава.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пак, за петок го закажа вонредниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите -членки на Алијансата во врска со развојот на ситуацијата во Авганистан. Тој на Твитер напиша дека ќе претседава со состанокот  на кој ќе бара „да продолжи тесната координација“ на 30-те земји членки на НАТО и „да се разговара за заеднички пристап кон авганистанското прашање“.

Авганистан Верски совет Врховен лидер Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.