Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тамара почина на денот кога се чекаше датумот за нејзината операција во Турција

0
By Нова ТВ on February 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САШЕ ДИМОВСКИ

Малата Тамара Димовска од Велес починала утрово околу 6.15 часот во велешката болница, откако со возило на Брзата помош била донесена во болница во многу тешка здравствена состојба, без знаци на живот.

Портпаролот на болницата, д-р Силвана Мишкова потврди дека биле направени сите напори да се спаси животот на 10-годишното девојче, но лекарите не успеале во тоа.
-Девојчето беше донесено околу 6 часот во болницата без знаци на живот. Повикавме анестезиолог, педијатар, направена е реанимација, но безуспешно. Засега не е утврдена точната причина за смртта- изјави д-р Мишкова.

Се очекува да биде направена обдукција за да се утврди причината за смртта.

Малата Тамара почина на денот кога требаше лекарите од Турција да соопштат датум за нејзина операција, за која во меѓувреме се собираа средства преку донации, се организираа концерти за помош на Тамара.

Тамара страдаше од искривен `рбет, пред околу три години беше оперирана во Македонија, но сега и претстоеше нова операција во Турција, каде што се нафатија турските лекари, но поради сериозноста се формирал тим од хирурзи од повеќе области и денеска требаше да биде закажан терминот за операцијата.

Во изминатиот период родителите на Тамара беа препраќани низ правни процедури од Фондот за здравство и Министерството за здравство, а по серија јавни реакции и критики Фондот ги обезбеди средствата, но Тамара почина пред да замине на операција.
Не можам да зборувам. Уста не ми се отвора откако ја слушнав веста, ни рече водителот Пеце Ацев кој е во Хрватска, а го иницираше концертот како еден од начините за собирање средства за лекување на Тамара.

-Со акцијата „ФондотЗаТамара“ сакавме да ги разбудиме институциите но воедно и да дадеме максимална помош на семејството Димовски. Сите собрани средства од концертот и од хуманитарните акции беа донирани на семејството, а се надевавме и на добар исход од институциите. За жал денеска таа надеж згасна. Тамара не е повеќе со нас, но се надеваме дека борбата нема да биде залудна. Дека нема повеќе да дозволиме да се случуваат вакви несреќи. Случајот со Тамара најверојатно заглави во институциите, немам никакви информации со оглед на тоа дека не сум веќе во Македонија, но имам премногу тага и огорченост во мене и со мислите сум со семејството Димовски. Тамара беше ангел кој никогаш нема да го заборавиме, таа нејзина насмевка даваше надеж и сила за нејзината желба за живот- изјави за НОВА од Загреб водителот Пеце Ацев.

Во ноември минатат година министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека сите трошоци за изведување на следниот оперативен зафат врз девојчето, ќе бидат целосно покриени од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, но родителите на Тамара повторно поминуваа низ институционална голгота, а состојбата на Тамара се влошуваше, додека лекарите на крајот на 2014 година дале конзилијарното мислење дека нејзината состојба не е итна.

„Во врска со барањето за лекување во странство за осигуреникот Т.Д. во Фондот за здравствено осигурување на Македонија беше доставено потребно конзилијарното мислење, кое од страна на лекарскиот конзилиум не е класифицирано како итно. Согласно процедура и законската регулатива, барањето во моментов се разгледува на комисиите во Фондот“, одговараа во декември од Фондот за медиумите.

Мајката на Тамара во декември преку нејзиниот ФБ профил молеше за помош.

„Драги пријатели, бидејќи ве интересира до каде сме со случајот на мојата ќерка Тамара, морам да ве известам дека сме заглавени во правна процедура и тоа сите документи што ги доставивме од сите болници од Македонија мораме повторно да го правиме истото. Најтешкото е што никој не се нафати со 40 проценти кривина да не лекува, сега треба да кажат и со над 80 проценти кривина дали ќе ја лекуваат. Нови нервози, непотребни трошоци, а никој не ме прашува од каде сега пари за тоа. Освен изјавата од министерот дека ќе го покријат лекувањето на Тамара, нема ништо ново. Никој не се јавил што понатаму, каде и како да се лекува Тамара. Жалосно е што мораме да правиме невролошки испитувања, состојбата ни се влошува се повеќе. Ќе се јават и нови болести, ние процедурата си ја запазуваме. Тешко нас, до лето немам надеж дека ќе успееме. Благодарност до сите хумани луѓе кои ни даваат поддршка и помош, но ова е вистината“, напиша на Фејсбук во декември Жаклина Димовска, мајката на Тамара.

По денешната смрт на малата Тамара сега сите прашања се излишни зошто Министерството и Фондот толку време ги шетаа родителите низ правните лавиринти. Кога ја нема Тамара, прашањето е: кој ќе сноси институционална одговорност за да не се повтори ваква трагедија?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.