Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: Доколку не станам градоначалник ќе се збогувам со политиката

3
By Нова ТВ on September 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја жртвува министерската позиција за партијата. Тој за НОВА потврди дека Алијансата на Албанците морала да понуди кандидат за градоначалник бидејќи не успеале да се договорат со помалите партии, а како најсоодветен за градоначалник на Гостивар, партијата проценила дека е токму Таравари. Заради тоа Таравари ќе се повлече од функцијата министер за здравство, но Алијансата ќе бара да го задржи ресорот здравство и ќе инсистира на првата седница по локалните избори да се назначи нов министер од истата партија. Доколку не го добие градоначалничкото место во Гостивар,  Таравари најавува дека ќе се збогува со политиката.

“Нема друг член од нашата партија кој би го кандидирале за градоначалник. Се надевавме дека ќе имаме договор со некоја од помалите партии, но не успеваме да се договориме. Доколку не го добиеме градоначалничкото место,  ќе се збогувам со политиката и ќе останам да работам како лекар, аќе имам повеќе време за семејството“ изјави за НОВА, Таравари.

Тој објасни дека до локаните избори ќе ја извршува функцијата министер за здравство, ќе доаѓа секое утро во Министерството, а работните обврски ќе ги подели со заменик министерот и со државниот секретар.

„ Ќе ги извршувам работните обврски заедно со мојот заменик и државниот секретара за граѓаните да не почувствуваат ништо. За време на кампањата и кога ќе завршат локалните избори ќе бидам заменет со друг. Ние ќе бараме новиот министер да биде од Алијансата, се разбира доколку успееме да се договориме“ рече Таравари

Тој најави дека со доаѓањето на новиот министер составот на кабинетот  ќе остане ист, а нема да има нови смени на директорските места и нови турбуленции во здравството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.