Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тарчуловски ветува проекти само за тие што гласале за него

1
By Нова ТВ on October 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 11, 2017 19:04

Од СДСМ објавија видео на кое се гледа кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски како им ветува проекти на граѓаните од Припор и Драчево, на сметка на граѓаните од Пржино и Црниче, за време на собир во рамки на предизборната кампања.

На видеото се слуша како Тарчуловски вели дека Припор и Драчево се главните места кои очекува да го донесат на власт и дека кон нив чувствува одговорност, а не кон Пржино и Црниче кои според него не го поддржувале.

-Пржино, Црниче се 90 посто против мене и тој не ти отвара ни врата, те плука од прозор, да ме тера некој да му правам одвод и канализации, а ти немаш овде ни струја, ни вода. Е не може така. Има ред, прво ќе почне тој што заслужил, тој што донел најмногу гласови, на тој ќе му се направи. Е после ќе видиме дали има нешто за другиот или ќе нема. Ќе си чекаш ти ребаланс кога ќе дојде редот – се слуша како вели Тарчуловски во видеото.

-Тарчуловски, јавно и без срам кажа дека се кандидира само за да ги дели и дискриминира граѓаните. Тарчуловски ќе работи само онаму каде што гласале за него, а другите ќе ги игнорирал оти немале заслужено.  Тарчуловски призна дека за граѓаните на Црниче и Пржино нема канализации, улици и водоводи затоа што немало да гласаат за него. Ова е удар врз граѓаните од Тарлуловски, кој е човек кој дели и се одмаздува – рече Сашо Мержаноски кој е  дел од изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од СДСМ.

Според Мержаноски, ваквиот став на Тарчуловски е само уште еден доказ за тоа како ВМРО-ДПМНЕ  функционирало и дека се уште е заробено во старата ера.

-ВМРО-ДПМНЕ и Тарчуловски, не само што не можат да излезат од политиките на поделби, протекции, непотизам со кои владееа 11 години, туку отворено кажуваат дека така ќе продолжат и во иднина – вели Мержаноски.

Од ВМРО ДПМНЕ реагираат дека видеото е целосно извадено од контекст.

– Нути една  манипулација, изјава извадена од контекст, местенка и лага не може да го спаси СДСМ од огромниот пораз кој ги очекува. СДСМ знаат дека ќе иззгубат убедливо како во општина Кисела Вода, така и во другите општини низ Република Македонија. СДСМ свесни дека на претстојните локални избори ќе  доживеат огромен дебакл се обидуваат со изјави извадени од контекст да ја замајуваат јавноста – пишува во нивната реакција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.