Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таргет Тврдина: Лазаревски добил закани по живот од Грујевски

0
By Нова ТВ on November 7, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На рочиштето на предметот за најмасовното прислушување во земјата „Таргет Тврдина“ сведочеше еден од оное кој ја открија аферата, Ѓорѓи Лазаревски.

Тој објасни како дошол до информациите за масовното прислушување во перидот од 2006 до 2008 година преку стариот систем Вернит од израелско потекло, набавен во 1998 година.

Кога дознал дека се врши нелегално прислушување, Ѓорѓи Лазаревски се поврзал со системот за прислушување со мрежен кабел и за пет минути ги ископирал логовите. Односно како што појасни, имал на увид дека имињата на операторите кои прислушувале се поклопувале со иницијалите на високи функционери во УБК како Горан Грујевски и Никола Бошковски и оператор директор.

-Овие оператори беа концентрирани кон таргети за кои јас сметав дека нелегално се прислушуваат, а останатите оператори ги слушаа оние кои беа легални. Имаше броеви на јавни личности, политичари од опозицијата и запомнив дека има број на министер за кој потоа дознав дека тоа е Миле Јанакиески. Со тие сознанија размислував што да правам. Со тоа живеев две години, без да преземам нешто бидејќи знаев дека и јавно да излезам нема да можам да докажам, рече Лазаревски.

По апсењето на Зоран Верушевски, ми се јави Звонко Костовски, кој во тој момент бил во присуство на Горан Грујоски, и ми пренесе порака од него дека доколку сум бил инволвиран во случајот, лично ќе ми го пресечел гргланот, објаснуваше Лазарецски пред судот..

Лазаревски одговараше на прашање на обвинителот Трајче Пеливанов за моментот кога бил уапсен Верушевски и за неговото пријавување во МВР на барање на Грујовски.

-Сфатив дека е подобро да пријавам што се случува, иако Зоран Заев објави дека материјалите му ги дале вработени во МВР кои веќе биле во странство. Побарав средба со Горан Грујовски и таму кажав дека јас ги предадов материјалите на Верушевски, нагласи Лазаревски пред судот.

Сведокот рече дека пред да појде во МВР го избришал дискот каде што ги чувал податоците и го предал на обвинителството. Бришењето го направил за да биде сигурен дека нема да биде злоупотребен материјалот кој неколку години го предавал на Верушевски.

Со сведочење на истиот сведок, одговарајќи на директни прашање на СЈО, рочиштето ќе продолжи на 21 ноември. Судењето беше прекинато доцна поладнево на барање на обвинетата Гордана Јанкуловска, а во согласност на обвинителите и на судечкиот совет.

Во „Таргет-Тврдина“ освен екс директроот на УБК Сашо Мијалков, обвинети се и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Што пред една година посведочи Лазаревски за НОВА

Ѓорѓи Лазаревски, кој заедно со Ѕвонко Костовски ја открија аферата за најмасовно прислушување во Македонија денеска се појави како сведок во случајот „Таргет Тврдина“.

Но пред неговото сведоштво да го каже на суд, Лазаревски во август минатата година во интервју за НОВА, за првпат за некој медиум, говореше за тоа како тој лично ја доживеал оваа масивна злоупотреба што ја спроведувала тогашната власт.

Лазаревски 11 месеци остана во притвор. Тој беше човекот кој работел во службата, сведок е на злоупотребите од огромни размери на предистражните мерки и јавноста никогаш немаше да ги чуе бомбите да не беа обичните „смртници“ од службата – професионалната администрација.

-Во тој период се создаде амбиент на приватизација на институцијата. Во еден момент јас бев во очај и мислев дека ова никогаш веќе нема да се сруши…За среќа преживеавме, но јас не можам да се повратам, едноставно не сум веќе истиот човек…Веројатно за еден живот вреди да се помине тоа, да си речеш „барем не сум живеел залудно, изјави најпознатиот македонски свиркач Ѓорѓи Лазаревски за НОВА пред повеќе од една година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.