Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Татко од Скопје бара Уставниот суд да исправи неправда за бебињата родени вонбрачно

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Скопјанецот Денис Димовски бара Уставниот суд да исправи неправда со која се соочил кога тропнал на вратата на општината Ѓорче Петров за да побара парична помош за новороденче.
Државата, за прво новороденче доделува 5.000 денари, а висината на еднократната парична помош за второ новороденче изнесува 20.000 денари.
  Право на еднократна парична помош за новороденче според Законот за заштита на децата  има еден од родителите, државјанин на Република Северна Македонија, со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територијата на државата до денот на раѓањето на детето.

Димовски, во иницијативата што ја поднел до Уставниот суд го оспорува  членот 3 од Одлуката за доделување еднократна парична помош на семејства со новороденче на подрачје на општина Ѓорче Петров за 2022. Оваа одлука Советот на општина Ѓорче Петров ја донел на 6-та седница на 30 декември 2021 година.

– Одлуката се однесува на еднократна парична помош која се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејствата до општина Ѓорче Петров, со уредно приложена документација на увид која ќе го потврди раѓањето на новиот член во семејството, брачниот статус на сопружниците, територијалната припадност на подрачјето на општина Ѓорче Петров и трансакциска сметка на еден од родителите, велат од Уставниот суд.

Според Димовски, одредбата е дискриминаторска во поглед на брачниот статус на апликантите и има нерамноправен третман кон вонбрачните семејства.

Тој смета дека одлуката на општината е спротивна на член 40, 41 и 43 од Уставот.

 Димовски, во иницијативата до уставните судии се повикува на член од Уставот според кој државата му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството во кое родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата, како и на правото на човекот, пропишано во членот 41,  слободно да одлучува за создавање на деца, а Републиката, заради
усогласен економски и социјален развој, води хумана популациона политика.
С.М.
денис димовски новороденче Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.