Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таткото на Фросина Кулакова: Оваа пресуда е срамна и тажна за целото општество, за сите нас

0
By Marija Todorovska on May 13, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Животот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа недржава. Дванаесетгодишна казна е награда за вакво најбрутално можно убиство во сообраќајот. Затоа оваа пресуда е срамна и тажна за целото општество, за сите нас, изјави Тодор Кулаков, таткото на Фросина, во изјава за медиумите пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето на пресудата за прегазувањето на неговата ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Кулаков порача дека не се откажуваат и дека разбирливо ќе протестираат ако треба барајќи оставки и смена на ваквиот корумпиран судско-казнен систем.

Многумина на душа ќе ја носат погибјата на детето ангел против ваквиот срамен судски епилог, арам да им се парите и се друго што добиле како компензација. И Бог нека им суди и пресуди. Ние не се откажуваме, порача Кулаков.

Првиот впечаток кога влегол во судницата, како што рече, бил дека родителите на Васил биле тотално релаксирани.

Дали они ја знаеја казната за разлика од претходното рочиште кога беа просто вкочанети. Затоа во држава во која дилерите на дрога и немилосрдни убијци се прогласуваат за светци, спортисти, посветени студенти според зборовите на одбрана, а што очигледно најмалку наивно беше прифатено од судскиот систем, па така срамна е и пресудата, изјави Кулаков.

Посочи дека семејствата на убиените жртви со закон се целосно исфрлени од постапката.

Ништо не е сменето… Судот е чиста мафија и вакви мафијашки убијци ги штити и такви пресуди носи, рече Кулаков.

Обвини за уништување на докази од останатите тројца кои биле во автомобилот со Васил Јованов, за кои како што рече, требало да има кривична пријава за уништување на докази за убиство од кои, како што нагласи, сигурно ќе произлегле докази за многу нови кривични дела.

Така повеќе од 20 години ќе беше казната на Васов односно барем ќе беше обвинението за Васил, но и за другите тројца во колата. Каде се тие сега, овој систем ги скри. Системот треба да одговара за соучество во прикривање на убиство, рече Кулаков, најавувајќи повторно протести пред судовите и Судскиот совет.

Васил Јованов кулаков пресуда Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.