Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТАВ Аеродроми: Скопскиот аеродром повторно е еден од најдобрите аеродроми во Европа

0
By Marija Todorovska on March 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 11, 2024 18:09

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, известува дека на Меѓународниот Аеродром Скопје повторно ќе му биде доделена наградата за квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality – ASQ) за 2023 година од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World).

Денеска, 11 март 2024, ACI ги објави аеродромите победници од сите континенти и региони од страна на ACI, реномираната организација со седиште во Монтреал, Канада.

Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби наградата за Квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality – ASQ) во категоријата „Најдобар аеродром во Европа од 2 до 5 милиони патници“ за 2023 година.

Со цел да прослави за деветтата ASQ-награда, Меѓународниот Аеродром Скопје ги почести патниците со слатки и им овозможи пред полетување да си направат инстант-фотографии за спомен, преку фото-кабина. Истовремено, ТАВ Македонија ја искористи приликата повторно да ги чуе мислењата на патниците за услугите на скопскиот аеродром.

„Во ТАВ Аеродроми сме неверојатно горди што можеме да објавиме дека на Меѓународниот Аеродром Скопје повторно му е доделена наградата во категоријата „Најдобар аеродром во Европа од 2 до 5 милиони патници“ за квалитетот на аеродромски услуги во 2023 година, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми. Ова престижно достигнување е уште еден доказ и сведоштво дека на нашите патници им обезбедуваме врвна услуга. Почестени сме што го добиваме ова признание и понатаму ќе останеме  посветени на овозможување пријатно патувачко искуство за сите кои поминуваат низ вратите на нашиот аеродром. Секако, наградата за квалитет на аеродромски услуги кој нашите патници го препознаа по 9. пат, е благодарение на луѓето кои работат на аеродромот, нивната посветеност, а во нив се вклучени вработените во ТАВ Македонија и вработените во нашите сестрински компании – БТА (храна и пијалаци), АТУ (бесцарински продавници), ТАВ Технолоџис (ИТ услуги), ТАВ МОС (комерцијални услуги) и Еуроклин (одржување хигиена). На нашите аеродроми се слуша мислењето на патниците и така ќе биде и во иднина. Задоволувањето на нивните потреби со гостопримство и љубезност и создавањето супериорно патувачко искуство, додека тие се на нашите аеродроми е еден од нашите најголеми приоритети“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Скопскиот аеродром е член на ASQ панелот од 10 аеродроми, во категоријата на аеродроми со големина од 2 до 5 милиони патници годишно, кои се наоѓаат во Европа. Покрај Меѓународниот Аеродром Скопје, другите аеродроми кои го сочинуваат овој панел се шпанските аеродроми Мадеира и Менорка, аеродромот Сантијаго во Чиле, норвешките аеродроми Сола и Ваернес, грузискиот аеродром Тбилиси, естонскиот аеродром Талин, италијанскиот аеродром Торино и аеродромот Загреб во Хрватска.

„Честитки до целиот тим на Скопскиот аеродром за нивниот постигнат успех и наградата за Квалитет на аеродромски услуги (ASQ). Вашата посветеност на супериорно искуство на клиентите е пример за аеродромите низ цел свет! Продолжете со поставување високи критериуми.“, изјави Луис Фелипе де Оливеира, генерален директор на ACI World.

Во текот на 2023 биле направени 595.000 анкети и доделени 170 награди ASQ на 90 аеродроми низ светот. Категориите за заминувања вклучуваат Најдобар аеродром според големина (број на патници годишно), и регион, како и Најпосветен персонал, Најлесно аеродромско патување, Најпријатен аеродром и Најчист аеродром во Европа.

Во споредба со другите програми во авијациската индустрија, Програмата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ program) е водечка светска програма за мерење на искуството на клиентите на аеродромот и создавање одредници, и се заснова врз истражување во живо, преку анкети собрани на аеродромот – директно од патниците – кои го оценуваат нивното задоволство на денот на патувањето.

Според квотата на програмата ASQ, минатата година вкупно 1.460 патници биле анкетирани на Меѓународниот Аеродром Скопје, при што агентите на терен кои ги прават анкетите за ASQ интервјуирале најмалку по 350 патници во секој квартал.

На глобално ниво, во 2023, повеќе од половина од патниците во светот поминале низ ASQ аеродром, што го потенцира кредибилитетот и влијанието на оваа програма во обликување на стандардите за супериорни аеродромски услуги.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, го заврши јануари 2024 година со  243.244 патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, што претставува пораст од 47% во однос на јануари 2023 година. Истовремено, бројот на летови на двата аеродроми во првите два месеци достигна 1.931, што е годишно зголемување од 38%.

Аеродром Скопје ТАВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.