Поранешниот репрезентативец на Англија, Уго Ехиогу почина на 44 години откако вчера колабираше за време на тренингот на фудбалерите до 23 на лондонски Тотенхем.
Ехиогу, кој има 4 настапи за репрезентацијата на „Гордиот Албион“, беше тренер на резервниот тим на Тотенхем, а вчера веднаш беше пренесен во болница откако доживеал срцев удар на тренинг.
Уго Ехиогу починал во раните утрински часови.