Службата за вонредни ситуации на Техеран се подготвува за земјотрес со јачина од 7,2 степени. Научниците предупредуваат дека секој момент може да се случи силен потрес.
Во последните четири месеци во подрачјето на градот беа регистрирани 250 потреси. Низ целиот град волонтерите се организираат.
Само во текот на минатата година во Иран, кој лежи на едно од трусните подрачја на Земјата, беа регистрирани 10.000 земјотреси. Меѓу населението владее страв.
„Опасноста од потрес во Техеран е многу голема. Можеме да очекуваме потреси од голема или просечна јачина“, предупредува сеизмологот Аед Монтазеролгем, пренесува Ал Џезира.