Шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами, на годишната генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена изјави дека нуклеарната програма на Иран нема да биде уништена со воена акција. Во исто време, тој ги обвини Израел и Соединетите Американски Држави за нелегални напади врз неговите објекти, пишува Иран Интернешнл.
Непријателите на Иран треба да знаат дека нашата нуклеарна програма има длабоки корени и не може да биде уништена со воена акција, рече Еслами во обраќањето пред 69-та Генерална конференција. Тој додаде дека Иран нема да попушти пред политичкиот или воениот притисок и нема да се откаже од своите права.
Шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран рече дека соработката на Техеран со МААЕ е „широка и конзистентна“, но ја обвини агенцијата дека не ги осуди она што тој го нарече акти на агресија против нуклеарните објекти на Иран.
И покрај нашите официјални барања, агенцијата не ги осуди нападите на САД и Израел врз нуклеарните објекти на Исламската Република, рече тој. „Ова молчење и неактивност ќе останат дамка во историјата на агенцијата“, рече Еслами.