Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Телеграф: Петте елементи од првата ТВ Дебата за изборите во Велика Британија

0
By Нова ТВ on March 27, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 27, 2015 15:04

Лидерот на Лабуристите Ед Милибенд и лидерот на Ториевците Дејвид Камерон

Лидерот на британските Лабуристи, Ед Милибенд откако беше избран за прв човек на партијата беше во сенка на прашањето „Дали неговиот похаризматичен брат ќе беше подобар лидер“. Во синоќешната прва ТВ дебата за претстојните избори, сепак како што проценуваат британските медиуми, тој бил подобар пред премиерот и лидер на Ториевците Дејвид Камерон.

Следните избори во Велика Британија за новиот парламентарен состав се закажани за 7.мај 2015 година, каде што ќе се избира 56.Парламент во Велика Британија.

Веќе се воспоставени датите за традиционалните ТВ дебати, во кои седуммина лидери на партии ќе земат учество.

По вчерашната, следната дебата е закажана за 2.април во која сите седум лидери ќе дебатираат, додека на 16.април, ќе се одржи дебатата со петмината лидери на опозициски партии.

На 30.април е завршната на која заедно со Камерон дебатираат и лидерот на Лабуристите Ед Милибенд како и лидерот на Либералдемократите Ник Клег, кој воедно е и заменик-премиер во Британија.


Ник Клег

Од синоќешната дебата, ова се петте работи кои британски „Телеграф“ ги забележува:

1. Џереми Паксмен се враќа

По повеќе од една година во сенка, и од време на време “уловен” на риболов за време на неговиот одмор, публиката забележа еден победник од синоќешната ТВ-дебата, а тоа е новинарот Џереми Паксмен.

За време на дебатата и двајцата политички лидери Дејвид Камерон и Ед Милибенд искусија потешкотии за време на прашањата на еден од “најопасните” во медиумскиот простор. Камерон тешко одговараше на директните прашања за неговиот учинок во последните пет години како Премиер. За Милибенд, прашањата повеќе беа лични.

„Работата е што те гледаат како ексцентрик од Северен Лондон“, рече Паксмен за лидерот на Лабуристичката партија, посочувајќи на анегдотата дека Владимир Путин го избришал подот со Милибенд.

2. Ед Милибенд се запали

Соочен со остриот Паксмен, Ед Милибенд се обиде да се однесува слично. Паксмен сугерираше дека Путин би го расцепил лидерот на Лабуристите “на парчиња”.
„Дали сте доволно цврст“, праша новинарот. „По ѓаволите, секако дека сум“, возврати Милибенд, фалејќи се потоа дека му пркосел на американскиот претседател Барак Обама за прашањето за Сирија. Паксмен на крајот интервјуто го заврши со прашањето „Дали сте во ред?“

Милибенд одговори: „Да, а вие?“.

3. Дејвид Камерон е ранлив на нападите за прекршување на ветеното
По пет години на премиерската функција, Премиерот е благ со медиумите. Еден од најинтересните аспекти од минатата вечер беше што, покрај тоа што Камерон во кампањата за следните избори се натпреварува со пораката „Погледнете што имам направено“, сега се соочи со прашања за неостварените ветувања.

Во однос на долгот, Камерон беше прашан зошто дефицитот не бил искоренет, а дополнително не успеа да каже колку точно овој Парламент позајмил. Додека за имиграцијата, Премиерот призна дека Ториевците драстично ја промашиле својата цел за податоците за годишна нето миграција.

4. Сенката на старото раководство виси над Милибенд

Во еден момент се чинеше дека Милибенд е подготвен да прифати се што ќе произлезе од прашањата на Паксмен за неговите претходници.

Неуспесите на Лабуристите, потенцираше Милибенд, се токму главната причина зошто тој а не неговиот брат бил подобар избор за лидер на партијата.

5. Имиграцијата е Ахилова пета и за Лабуристите и за Ториевците

Додека Камерон и Милибенд беа во фокусот на дебатата, во позадина се појави и лидерот на Британската партија за независност Најџел Фериџ. Веројатно се радуваше на одговорите на кои и двајцата неумешно одговараа.

Најпрво Камерон призна дека не успеал да ја достигне целта и да ја намали имиграцијата на “десетици илјади”, додека Милибенд не успеа да ја каже бројката на која цели тој.

Не би било зачудувачки доколку Фериџ се обиде во наредниот период да ја пополни таа празнина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.