Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Телма: Контроверзен бизнисмен се обидува да влезе во Макпетрол

0
By Нова ТВ on June 23, 2016 ПОЛИТИКА
Фото: Телма
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 23, 2016 11:24

Сериозни индиции и документи упатуваат дека зад компанијата Балкан петролеум од Лондон која најави преземање на Макпетрол стои контроверзниот бизнисмен Ури Бидер познат по уништувањето на романската рафинерија РАФО, објави телевизијата Телма.

Според телевизијата, од април неговото име веќе стои и во централен регистар на РМ како раководител на подружница на фирмата Алов, која се занимава со трговија на големо на нафтени деривати.

„На акционерското собрание на АД Макпетрол на 11-ти јуни, Ури Бидер бил виден како влегува во управната зграда на компанијата придружуван од директорот на Алов. Имал документи за полномоштво на акции, добиено од акционер во Макпетрол.

Во базата на податоци за фирми основани во Англија од каде дојде понудата за купување на Макпетрол може да се најде и името на Ури Бидер. Тој е поранешен директор на фирмата Балкан петролеум лимитед која го купи РАФО во Романија, купопродажба која заврши со истрага за фирмата и за Бидер.

Фирмата на Бидер преку кипарска фирма влезе во Романија со понуда за превземање на мнозински пакет во рафинеријата РАФО. Слична приказна, фирма основана во Англија во сопственост на кипарска фирма и со понуда за превземање на мнозински пакет стигна и до македонската берза за Макпетрол“, објави телевизијата.

Според Телма, раководителската позиција на Ури Бидер е во објект во населбата Илинден каде е скопското седиште на компанијата Алов.

Фирмата Алов каде раководител е Ури Бидер била формирана во 2009-та година од државјанинот на Азербејџан Аладин Јусифов.

„По повеќе промени на директорските позиции последната промена е направена во 2013-та, а во април 2016-та е додадено и името на Бидер. Фирмата Алов го доби последниот тендер за набавка на нафта за ЈСП вреден 10 милиони евра, а договорот е објавен во февруари оваа година.

Балкан Петролеум вчера по трет пат до Макпетрол доставил допис за намера за преземање и по трет пат, неуреден – во поглед на полномошното на застапникот Петар Стојановски.

-По разгледувањето на доставената документација, повторно се утврди дека е неуредна и нецелосна и врз основа на истата не може да се постапува“, стои во известувањето на Макпетрол до македонската берза.

Според законските прописи Балкан Петролеум има рок до 9 јули да ја доставија својата комплетирана понуда до Комисијата за хартии од вредност“, објави Телма.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.