Во близина на угостителски објект во центарот на Охрид утрово било пронајдено безживотно машко тело во водите на Охридското езеро. Според неофицијални информации на НОВА станува збор за странски турист чие што тело го забележале случајни минувачи околу 7 часот утрово како лебди на површината на езерото.
“Телото е видено од граѓанин на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри.Се работи за машко лице од близу 25 годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави, а под неа германски спортски дрес, изјави Стефан Димовски портарол на СВР Охид.

Фотографија од клучот кој е пронајден кај починатото момче
На безживотното тело не се забележани траги на насилство ,а во текот на денов ќе биде извршена обдукција. Се работи на утврдување на идентитетот на удавеното лице. Од полицијата со порака граѓаните секоја корисна н информација да ја достават до СВР Охрид или на телефонот 192.




