Стефан Дечев: Темата “Македонија“ нема да влезе во политичка дебата во Бугарија. Владата на Христијан Мицковски можеби сака да се случи ова, па дури и да го испровоцира само за да ја оправда сопствената линија да не прави ништо за евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Нема да се преговара ниту за договорите со Грција и Бугарија, ниту за преговарачката рамка на Европската унија од летото 2022 година, познат како „француски предлог“. За жал, мислам дека спорот меѓу Софија и Скопје ќе трае долго. Решение ќе има кога бугарското општество ќе сфати дека ветото беше голема грешка, а во македонското општество дека попуштањето пред популизмот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски беше пат кон никаде. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.