Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

0
By Xhabir Deralla on July 31, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 31, 2026 15:42

Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија), вчера во Скопје, организираше тематска дебата на тема „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и „Српскиот свет““.

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, беше домаќин, модератор и воведничар на дебатата. На настанот учествуваа Никица Корубин, поранешен пратеник и колумнист; Роберт Алаѓозовски, критичар и поранешен министер за култура; проф. д-р Ана Чупеска, претседателка на Советот на СДСМ; Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦИВИЛ Медиа; Џабир Доко, генерален секретар на Партијата за движење на Турците (ТХП); и Петрит Сарачини, активист и новинар.

Во фокусот на дебатата беа блокираниот европски пат на Северна Македонија и последиците од изолационистичките политики врз државата. Учесниците разговараа и за влијанието на политичкиот концепт „Српски свет“ врз Северна Македонија и регионот, како и за актуелната општествена криза во која се наоѓа земјата.

Беше оценето дека членството во Европската Унија останува стратешки интерес на Република Северна Македонија. Воедно, беше истакнато дека концептот „Српски свет“ е во спротивност со демократските вредности, интересите на државите од регионот, како и со политиките на Европската Унија, Соединетите Американски Држави и демократската јавност во Србија. Учесниците оценија дека неговото влијание во регионот им оди во прилог на геополитичките интереси на Русија и Кина.

Заклучокот од дебатата е дека Република Северна Македонија треба доследно да се посвети на своите стратешки цели – европската интеграција, демократскиот развој и економскиот напредок – како единствен одржлив пат за надминување на актуелната општествена криза.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.