Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Темната страна на Мајка Тереза

0
By Нова ТВ on February 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Серж Лариве, авторот на текстот и вработен во секторот за психоедукација во Универзитетот тврди дека беатификацијата на Мајка Тереза во 2003 е незаслужена и се заснова на лаги од страна на Ватикан.

“Темните страни на Мајка Тереза„ е насловот на текстот на тројца канадски автори, предводени од Лариве, и вклучува над 500 прочитани биографии и текстови за животот на најславната Скопјанка. Заклучоците на авторите се застрашувачки, опишуваат жена која прифаќала пари од диктатори, била строго против разводот и абортусот и ги оставала болните да страдаат во нејзините домови, во кои хигиенските услови биле често лоши.

“Во нејзините каритативни центри, пациентите биле оставани сами на себе, добиваа многу малку палијативна нега или лекови против болка, затоа што Мајка Тереза сметала дека страдањето ќе ги доближи до Господ“, раскажува Серж Лариве.

Мајка Тереза отвори вкупно 507 мисии за сиромашни и болни во стотици земји. Нејзината фондација ја поддржуваа познати милионери и политичари, како Лејди Дајана или Бил Клинтон. Но добивала пари и од поматни места, тврди текстот. Како на пример поранешниот диктатор на Хаити, Жан Клод Дивалие. “Еден човек и поклони приватен џет“, раскажува Лариве, “ и повеќе од милион долари, украдени од пензиски приватни фондови на мали штедачи во САД. Кога дојде време да му се суди на тој човек, таа напиша писмо во негова одбрана.“

На морален план, Мајка Тереза била конзервативна. До тој степен што “се противела на абортус за босанските жени жртви на силувања од српските војници“, тврди Лариве.

“Објаснете ми како може ваква жена да добие Нобелова награда за мир?“, прашува тој во интервју со канадски медиуми.

И тоа не е се. Истражувачите тврдат дека дошле до сознанија дека “чудото“ кое овозможило Ватикан да ја прогласи за светица, бил чиста лага.

“Религиозните сестри каде беше третирана жената со страшни болки во абодменот, ја потплатија за да каже дека Мајка Тереза и ги излечила болките. Жената беше излечена од лекарите во болницата!“, додава Лариве. Авторите ја отвораат конечно дебатата за тоа дали имиџот и легендата на Мајка Тереза беа всушност “маркетиншки“ трик на Ватикан за да се ревитализира Црквата. Серж Лариве поставува уште едно прашање за крај:

“Каде се сите милиони долари собрани за нејзината фондација? Според текстовите кои ги консултиравме, тие пари требаше да се искористат за градење на куќи за сестрите кои работеа во нејзините болници, или директно во Ватикан.“

По медиумската бура предизвикана од овој труд во Канада, се огласи и самиот декан на теолошкиот факултет на Универзитетот во Монтреал, Жан Клод Бретон, кој смета дека авторите кои работеле на овој текст се “компентентни за работата која ја направија“.

“Овој труд е многу подобар од сликата за нив што ја шират медиумите. Прашањата што ги поставуваат за ликот и делото на Мајка Тереза, се прашања кои одамна циркулираат“. Смета деканот на теолошкиот факултет во Монтреал.

Бурите во католичката црква очигледно нема наскоро да стивнат…

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.