Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тендерот за реагенси е стопиран, фирмата се повлече и го откажа пресот

2
By Менче Атанасова Точи on July 23, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз ДООЕЛ регистрацијата за увоз на реагенси во Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) ја добила четири дена пред отварање на понудите од тендерот во Министерството за здравство

Тендерот за реагенси е стопиран. Прекината е тендерската постапка поради пoстоење одредени неправилности во документацијата на што укажа првичната евалуација, соопшти министерот Венко Филипче.

„Поради пoстоење одредени неправилности во документацијата на што укажа првичната евалуација, одлучивме тендерската постапка за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки и гасни анализи да ја прекинеме“, рече Филипче.

Тој кажа дека на тендерот се јавила само една фирма и дека во овој период интензивно работеле на евалуација на понудата.

„Во следниот период ќе продолжиме со имплементација на планот за централизација, а со тоа и обезбедување на големи заштеди во овој дел од набавките“ изјави Филипче.

Прес конференцијата која утринава се одржа во министертвото за здравство беше селективна и на неа не беа повикани сите медиуми. Според шефот на кабинетот на Филипче, Бојана Атанасова, не им работела и-меил адресата и се било на брзина.  Истото се случи и вчера, кога најавата за прес конференцијата стигна неполн час пред настанот со што дел од медиумите не можеа да стигнат на време. Денеска Филипче заминува на пат каде останува до петок, и со тоа става крај на дополнителни изјави или интервјуа околу актуелните збиднувања со тендерот за реагенси.

И фирмата која се пријавала на тендерот одеднаш ја откажа прес конференцијата која беше најавена за во 11 часо. Причината очигледно е стопорањето на тендерот.

Она е што е многу индикативно и исто така води кон сомнеж е што фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз ДООЕЛ регистрацијата за увоз на реагенси вон Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) ја добила четири дена пред отварање на понудите од тендерот во Министерството за здравство, документ до кој дојде НОВА.

Фото: Документ од регистрација на страната на МАЛМЕД

Фирмата која требаше да опслужува тендер од цели 35 милиони евра имала само двајца вработени. Еден лекр и едно техничко лице.

Филипче со тоа што не ги покани сите медиуми, како и НОВА,  одбегна да одговори на суштински прашања. На, пример како една фирма со двајца вработени ќе ги опслужува со реагенси сите болници, како ќе се транспортира крвта, колку возила и возачи имаат, колку фрижидери, биле ли да го проверат магацинот кој им е во јавно царинско складиште. Ги исполнува ли условите таму за чување на вака осетливи и расипливи материјали.

Филипче не кажа каква референца има оваа фирма која е формирана во април пред распишување на тендерот и нема своја адреса туку се  наоѓа на адреса на адвокат. Филипче не достави увид во понудата, ниту покажа анализа за заштедата и издржаноста на овој тендер. Минисерот не одговори ниту кој ја правал спецификацијата за овој тендер, која многу се разликува од сите претходни и отвора простор за голем  сомнеж.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.