Роже Федерер ќе настапува во седмо финале на Австралија Оупен откако јужнокорејската сензација Хион Чанг се предаде во вториот сет од полуфиналниот меч поради повреда.
Федерер на денешниот натпревар водеше со 6-1, 5-1 кога 21-годишниот Чанг се откажа поради повреда на стапалото.
Во финалето, кое ќе се игра во недела, швајцарскиот ас го чека Хрватот Марин Чилиќ.
Федерер ќе проба да го освои Австралија Оупен по шести пат, што би било и негова 20-та Гренд Слем титула.
„Во вториот сет осетив дека тој е побавен. Имаше проблем со плускавици, а тоа боли многу“, рече Федерер по мечот.
Тој рече дека е среќен што оди во финале но не е среќен на начинот на кој влегува во завршниот натпревар бидејќи Чанг играше одлично на овој турнир.