Новак Ѓоковиќ го круниса со победа своето најдобро издание во 2017 година. Српскиот тенисер, во третото коло во Индијан Велс, го совлада Хуан Мартин дел Потро со 5:7, 6:4, 6:1 во меч чиј исход е со неколкукратно значење по него што носи и неколку причини за задоволство.
Триумфот против Аргентинецот е 300 на Мастерс турнирите за Ѓоковиќ, а го мина Роџер Федерер кој нанижа 19 настапи без пораз во Индијан Велс. И на крајот се израмни со Пит Сампрас по бројот на победи – 762. Пред нив е Илие Настасе со 776 победи.
Прв на листата е Џими Конорс со вкупно 1.256 победи во кариерата пред Федерер кој има 1.090.
Вечерва пред полноќ Ѓоковиќ ќе игра против Австралиецот Ник Кирјос за четврт-финале во Индијан Велс.
АТП Мастерс – серија Мастерс 1000 – награден фонд 7,913.405 милиони долари
Резултати, 3 коло
Ѓоковиќ (Србија) – Дел Потро (Аргентина) 7:5, 4:6, 6:1
Сок (САД) – Димитров (Бугарија) 3:6, 6:3, 7:6
Федерер (Швајцарија) – Џонсон (САД) 7:6, 7:6
Кирјос (Австралија) – А. Зверев (Германија) 6:3, 6:4
ВТА Индијан Велс – серија Премиер – награден фонд 6,993.450 милиони долари
Резултати, осминафинале
Возњацки (Данска) – Кис (САД) 6:4, 6:4
Веснина (Русија) – Кербер (Германија) 6:3, 6:3
Младеновиќ (Франција) – Дејвис (САД) 6:3, 6:3
Мугуруза (Шпанија) – Свитолина (Украина) 7:6, 1:6, 6:0
Ка. Плишкова (Чешка) – Башински (Швајцарија) 5:1 – Башински предаде