Рафаел Надал „нанижа“ уште еден Австралиец во Мелбурн парк. По Џејмс Дакворт на стартот, Шпанецот во второто коло го елиминира и Метју Ебден со 6.3, 6:2, 6:2 и во наредната рунда ќе игра со нивниот сонародник Алекс де Минаур.
Еден брејк му беше доволен на Надал за освојување на воведниот сет и и по два во наредните два и за помалку од 120 минути ја прескокна втората пречка на првиот гренслем во сезоната.
Пласман во третото коло осигура и Роџер Федерер. И Швајцарецот без загубен сет како и Шпанецот, откако ноќеска го совлада Даниел Еванс од Велика Британија со 7:6, 7:6, 6:3. Нареден негов ривал на Австралија опен ќе биде Американецот Тејлор Хари Фриц.
Австралија опен, 2 коло
Мажи
Надал (2., Шпанија) – Ебден (Австралија) 6:3, 6:2, 6:2
Федерер (3., Швајцарија) – Еванс (В. Британија) 7:6, 7:6, 6:3
Тифо (САД) – Андерсон (5., Ј. Африка) 4:6, 6:4, 6:4, 7:5
Чилиќ (6., Хрватска) – МекДоналд (САД) 7:5, 6:7, 6:4, 6:4
Хачанов (10., Русија) – Нишиока (Јапонија) 6:3, 6:3, 6:3
Циципас (14., Грција) – Троицки (Србија) 6:3, 2:6, 6:2, 7:5
Шварцман (18., Аргентина) – Кудла (САД) 6:4, 7:5, 3:6, 6:7, 6:4
Басилашвили (19., Грузија) – Травалја (Италија) 3:6, 6:3, 3:6, 6:4, 6:3
Димитров (20., Бугарија) – Куевас (Уругвај) 6:3, 6:7, 6:3, 7:5
Баутиста Агут (22., Шпанија) – Милман (Австралија) 6:3, 6:1, 3:6, 6:7, 6:4
Вердаско (26., Шпанија) – Албот (Молдавија) 6:1, 7:6, 6:3
Де Минаур (27., Австралија) – Лаксонен (Швајцарија) 6:4, 6:2, 6:7, 4:6, 6:3
Фриц (САД) – Монфис (30., Франција) 6:3, 6:7, 7:6, 7:6
Жени
Кербер (2., Германија) – Хадад Маја (Бразил) 6:2, 6:3
Возњацки (3., Данска) – Ларсон (Шведска) 6:1, 6:3
Стивенс (5., САД) – Бабош (Унгарија) 6:3, 6:1
Квитова (8., Чешка) – Бегу (Романија) 6:1, 6:3
Пављученкова (Русија) – Бертенс (9., Холандија) 3:6, 6:3, 6:3
Забаленка (11., Белорусија) – Бултер (В. Британија) 6:3, 6:4
Барти (15., Австралија) – Ванг (Кина) 6:2, 6:3
Гарсија (19., Франција) – Хајвс (Н. Зеланд) 6:3, 6:3
Саснович (Белорусија) – Контавеит (20., Естонија) 6:3, 6:3
Анисимова (САД) – Цуренко (24., Украина) 6:0, 6:2
Бајрел (Н. Зеланд ) – Векиќ (29., Хрватска) 6:4, 4:6, 6:1
Мартиќ (31., Словенија) – Вондрусова (Чешка) 6:4, 7:5