Published: Friday, July 11, 2014 14:16
Тензично пред Мавровка, демонстрантите соочени со полициското обезбедување продолжуваат со извиците „Голема Албанија“, „Јанкуловска теорист“. Илјадниците демонстранти носат транспаренти со натписи: „Сакаме Слобода“, „УЧК не е ДУИ“, „УЧК е со народот“.
На еден транспарент ја носат сликата во мозаик на премиерот Никола Груевски, под кој стои: „Лошото се крие позади овој мозаик“.

Како што јави репортерот на НОВА, Сашка Цветковска, која испрати и свои фотографии од протестите, таму е забележан и градоначалникот на Струга, Зијадин Села.

Меѓу толпата е и албанскиот интелектуалец и аналитичар Ким Мехмети кој на насобраниот народ упатува пораки на смиреност и возржаност.





