Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензии по рударската несреќа: Ердоган морал да бега во супермаркет од народот

0
By Нова ТВ on May 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 15, 2014 17:32

Масовните протести против турската влада по големата рударска несреќа во Сома продолжија во Измир, каде турската полиција денеска (15.05.) повторно интервенирала со солзавец и водени топови, откако околу 20 илјади лица излегле на улиците во знак на протест поради смртта на 282 рудари. Во судирите е повреден лидерот на синдикатот ДИСК, Кани Беко, и е пренесен во болница. Беко вчера рударската несреќа ја нарече „масакр“.

Владата се најде под огромен притисок поради рударската несреќа. Критичарите ја обвинуваат за недоволна грижа за безбедноста на луѓето при работа во рудникот за јаглен.
Советник на премиерот Ердоган, кој со клоци се пресметуваше со демонстрант кој лежи на земја, а го држат двајца полицајци, долеа масло на огнот. Фотографијата на советникот Јусуф Јеркел беше проширена по социјалните мрежи. Тој вчера го придужуваше Ердоган при посетата на Сома, кога демонстрантите го пречекаа со извици „уа“. Јеркел за БиБиСи потврдил дека е тој на фотографијата. Според тврдењето на Јеркел во турските медиуми, човекот бил милитантен левичар, кој ги нападнал него и премиерот и ги навредувал.

Во Анкара и Истанбул вчера илјадници демонстранти бараа оставка од премиерот поради рударската несреќа. Во Сома Ердоган морал, со полициска заштита, да се засолни во еден супермаркет пред разгневените луѓе.

Турските синдикати повикаа на штрајк во целата земја.

„Стотици наши колеги во Сома од почеток беа препуштени на смртта, со тоа што беа принудени да работат под брутални работни услови, за богатите да остварат највисок профит“, се вели во повик на синдикатот до членството.

Експлозијата во рудникот за јаглен Сома се смета за најтешката рударска несреќа во историјата на земјата. Спасувачките екипи денеска пронашле тела на уште осум жртви во несреќата, со што бројот на загинати рудари порасна на 282. Се претпоставува дека во јамата на рудникот се заробени уште околу 90 рудари.

Сторијата е превземена од сервисот на македонски јазик Дојче Веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.